• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Напреден скрининг тест за колоректален кацином (рак на колон и ректум) Печати

Новиот неинвазивен и едноставен скрининг тест за колоректалниот карцином користи само еден примерок од столицата. „ColoSure“ тестот го открива присуството на активниот колоректален карцином кај лица со просечен ризик.

Тестот се работи после еднократно земање на примерок од столоцата при комплетно празнење на цревата и ја испитува ДНА на одлупените клетки на слузницата на цревата. Овој тест ги испитува промените на ДНК во одлупените клетки, кои промени би укажале на можно присуство на карцином.

„ColoSure“ тестот може да се користи како дел од постоечкиот скрининг програм за колоректален карцином и е комплеметарен со колоноскопијата.

„ColoSure“ тестот има опсег на осетливост од 72-77%, а неговата специфичност е 83-94% . Овој клинички тест ги детектира промените во виментин генот на ДНА, кој е важен за имунитетот и за другите важни клеточни процеси во организмот.

Ако при ова тестирање виментин генот се покаже како хиперметилиран или „исклучен“ т.е. неактивен, тоа би можело да укаже на рак на дебело црево. Истражувањето, објавено во септември 2008 година, во Американскиот часопис за гастроентерологија, покажало дека откривањето на метилиран виметин ДНА во фецесот било истовремено и високо осетливо и многу специфично за откривање на раните фази на рак на дебело црево, во кои фази болеста е излечива.

Најмалку 60% Американци на возраст од 50 години и постари, никогаш не се тестирале за колоректален карцином, иако Американското здружение за рак (The American Cancer Society) препорачува редовен скрининг за лица над 50 години, вклучувајќи ја и колоноскопијата на секои 10 години.

Секоја година се дијагностицираат околу 150 000 нови случаи на рак на дебело црево, а дури 50 000 луѓе умираат од него. Ако ракот се открие на време, стапката на преживување изнесува околу 95%. За жал, кај околу 50% од пациентите со колоректален карцином, тој се дијагностицира во напредната фаза, кога и можностите за негово целосно излекување се помали.