• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај младата машка популација, на возраст од 15 до 35 години. Доколку се открие на време, ракот на тестисот е излечив дури во 99% од случаите.

Сеуште не се познати причините за појавата на ракот на тестисот, но познато е дека некој лица имаат поголем ризик да заболат од оваа болест. Познати фактори на ризик за развој на рак на тестис се: фамилијарна историја на болеста (генетска предиспозиција), бела раса, неспуштен тестис (крипторхизам) и претходно постоење на рак на тестис.

Иако генетската предиспозиција беше позната како фактор на ризик за развој на рак на тестис, досега не е беше познато кои гени влијаат на развојот на ракот на тестисот.

Британските научници за првпат го идентификуваа наследниот генетски фактот кој го зголемува ризикот за заболување од рак на тестиси. Тие ги анализирале податоците на 730 пациенти со рак на тестиси и увиделе дека кај нив била откриена присутност на варијација на ДНК на хромозомите 5, 6 и 12. Оваа варијација на ДНК на хромозомите 5, 6 и 12 не била најдена кај здравите испитаници од контролната група.

Студијата покажа дека откриениот наследен фактор, поврзан со гените кои се вклучени во формирањето на спермата, може за 4 пати да го зголеми ризикот за развој на рак на тестис.

Научниците од „Institute of Cancer Research“ се надеваат дека нивните откритија ќе овозможат развој на нови напредни третмани и дијагностички тестови.

 

Најчитани наслови