• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Не земајте повеќе видови на нестероидни антивоспалителни лекови Печати

Истражување на последиците од земање на повеќе видови на нестероидни антивоспалителни лекови.

Лицата кои земат два или повеќе вида на нестероидни антивоспалителни лекови за намалување или отстранување на болката, имаат полош квалитет на живот во споредба со лицата кои земаат само еден вид на нестероидни антивоспалителни лекови, покажале резултите од истражувањето, кое го споревеле научниците од „Durham University“ во Северна Каролина, под водство на Dr. Kovac.

„Пациентите често земаат и повеќе од еден вид на нестероидни антивоспалеителни лекови за да ја намалат или отстранат болката. На тој начин пациентите несвесно го доведуваат во опасност своето здравје“, истакнала Dr. Kovac. Претходните истражувања покажаа постоење на поврзаност помеѓу користењето на повеќе видови на нестероидни антивоспалителни лекови и појавата на гастроинтестинални проблеми (проблеми на органите на системот за варење), но тогаш не било сосема јасно дали тоа посериозно го оштетува општото здравје на човекот.

За да го испита тоа, Dr. Kovac интервуирала 138 пациенти, кои користеле неколку различни нестероидни антивоспалителни лекови во периодот од февруари до август 2002 година. Се утврдило дека 26% од испитаниците користеле два или повеќе вида на нестероидни антивоспалителни лекови и дека тие пациенти физички се чувствувале полошо од оние кои земале само еден вид на нестероиден антиинфламаторен лек.

Поради добиените резултати, научниците одлучиле да продолжат со подетални истражувања.