• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
ASCO 2009: Напредок во индивидуализирање на терапијата против ракот Печати

Напредокoт во индивидуализирањето на терапијата против ракот е добрата вест која беше посебно истакната на овогодишниот, 45-ти конгрес на Американското онколошко здружение ASCO (American Society of Oncology) кој се одржа оваа година од 29 Мај до 2 Јуни, во Орландо (САД).

„Се повеќе сме во можност да ја прилагодуваме терапијата за секој пациент со посебна биолошка структура на тумор, што на крајот им помага на лекарите да го подобрат и продолжат животниот век на пациентите и да го избегнат препишувањето на непотребни, скапи и неефикасни терапии, кои може да дадат пропратни несакани ефекти“, истакнал Dr.Richard Schilsky, председател на ASCO.

Добрите вести се однесуваа и на ракот на органите за варење (гастроинтестинални карциноми), како и на ракот на дојката и на ракот на белите дробови во напреднат стадиум.

Научниците го откриле начинот како да ги спречат малигните клетки да се „хранат“ и повторно да се развиваат после отстранувањето на туморот.

Клиничките испитувања на новите методи се веќе објавени и кај некои пациенти тие покажуваат позитивни резултати.

На ASCO конгресот, голем светски собир посветен на ракот, беа презентирани резултатите од околу 4.000 истражувања и резултатите од повеќе од десетина клинички студии.

Ракот е болест која настанува поради модификација на само една клетка. Оваа малигна алтерација на клетката може да настане како последица на штетното делување на надворешни фактори, но и како последица на постоење на наследни генетски фактори.

Најсмртоносни форми на рак се ракот на белите дробови, на желудникот, на дебелото црево, на црниот дроб и на дојката.

Според податоците на СЗО, од рак во 2004 година умреле 7,4 милиони луѓе на нашава планета.