• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Горчливата вистина за шеќерот

Сите се трудиме да внесуваме што поздрави состојки и сакаме да ги избегнеме оние кои ни штетат, а тука на самиот врв, би бил шеќерот.

Повеќе или помалку, секој од нас дневно внесува голема количина на шеќер, а да не е свесен за тоа. Затоа е најдобро секој пат кога ќе посегнеме по некој вид на намирница, да ја погледнеме нејзината декларацијата каде е наведена количината на шеќер која таа ја содржи во себе.

Така секако сакаме да ги избегнеме оние намирници кои на листата на декларацијата го имаат шеќерот како прва состојка, бидејќи тоа значи дека тој е присутен во најголем дел во тие намирници. Затоа, најдобро би било да е шеќерот меѓу последните на листата на состојки на некоја намирница, бидејќи сакаме да консумираме здрава и квалитетна храна, а не само шеќер.

Ако во исхраната се користи бел шеќер – сахароза, значителен дел од сахарозата не се разградува до прости шеќери, туку останува неискористена и како таква директно влијае на зголемувањето на мастите во организмот.

Вишокот на масти во организмот доведува до различни оштетувања на органите и до појава на многу болести. Со други зборови, со користење на бел шеќер може да дојде до оштетување на панкреасот, до појава на шеќерна болест, до појава на кариес кај децата, до развој на кардиоваскуларни заболувања, до пораст на триглицеридите во крвта, до зголемување на крвниот притисок и слично.

За разлика од белиот шеќер, медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам и во многу случаи може да биде корисна замена за белиот шеќер.

 

Прочитајте и: