• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Витамините може да бидат опасни по здравјето Печати

Британското министерство за здравје повикува на претпазливост при земање на витамини во вид на таблети. По ревизијата на резултатите од голем број на научни истражувања објавени минатата година, медицинските стручњаци истакнуваат дека витамините во таблети се најверојатно неделотворни, а некои од нив се и потенцијално штетни.

Медицинските стручњаци од Велика Британија се уверени дека повеќето луѓе своите дневни нутритивни потреби ги задоволуваат со уравнотежена и разновидна исхрана, која вклучува многу овошје и зеленчук. Во тој случај, секое дополнително земање на витамини во вид на напитоци или таблети може повеќе да му наштети отколку да му користи на организмот.

Биле испитувани студиите кои биле во врска со бета каротинот, витаминот А, витаминот Ц, витаминот Е и селенот. Со дополнителните анализи не било докажано дека тие го продолжуваат животот. Дури, британските стручњаци го изнеле ставот дека витаминот А, Е и бета кротинот благо го зголемуваат процентот на смртност меѓу оние кои ги земале, додека за витаминот Ц и селенот заклучиле дека немаат некое посебно дејство и дека за нив се потребни дополнителни истражувања.

Британското министерство за здравје го предупредува населението да биде многу внимателно при користењето на високи дози на прочистени витамини и минерали, бидејќи нивното долготрајно делување врз здравјето на човекот сеуште не е целосно утврдено и не може прецизно да се тврди дали ствараат ризик или не.

Затоа, најдобро е да сите потребни нутритиенти ги добивате преку добро избалансираната и разновидна исхрана, која ќе содржи многу овошје и зеленчук. Доколку мислите дека имате потреба од некои витамини или минерали, најдобро е претходно да се консултирате со својот лекар и да не пиете витамински таблети на своја рака.