• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Нов скенер ги открива срцевите заболувања и пред првите симптоми Печати

Лекарите во САД почнале да го користат новиот, современ скенер за откривање на срцевите заболувања, дури и пред да се јават првите, почетни симптоми.

Најновата верзија на томографскиот скенер дава детални снимки на срцето. Кардиолозите, кој го користеле заедно со новите дијагностички процедури, велат дека сега можат значително побрзо да ги откријат знаците на срцевите заболувања. Тоа, исто така, значи и намалување на трошоците за лекување на рано откриените заболувања, а што е најважно, спасува сè повеќе човечки животи.

Срцевите заболувања се начести причини за смрт во САД. Истражувачите велат дека една четвртина мажи и жени патат од некоја срцева тегоба. Кај повеќе од половина од лицата кои изненадно умреле, причината за смрт било некое заболување на срцето – срцев инфаркт, мозочен удар и слично, и тие претходно немале никакви симптоми.

Затоа кардиолозите се надеваат дека новиот вид на скенер ќе може да помогне во раното откривање на срцевото заболување.

Прецизното име на методата е повеќеслојна компјутеризирана томографија на коронарната ангиографија (MSCT). Со помош на 64 сензори и еден краток имулс на радијација се добиваат прецизни снимки на одредени делови на телото.

Кардиологот д-р. Норман Лепор од Лос Анџелес го користи новиот скенер во потрага по разни знаци на заболување кај своите пациенти, како што се на пример масните наслаги кои ги стеснуваат артериите.

„Срцето е во постојано движење. Не можете да го запрете, но затоа можете да го снимите. Со помош на многуте сензори и можноста на оваа машина брзо да се движи околу пациентот, можно е да се добие јасен “портрет“ на срцевата артерија, на кој портрет може јасно да се видат не само стврднатите наслаги туку, што е уште поважно, и наслагите кои сеуште не се стврднати“ нагласил д-р. Лепор.

Др. Лепор вели дека сега може да добие јасна слика за мекото ткиво на срцето, снимена кога пациентот 15 секунди го запира дишењето. Одлуката за потребната терапија може да се донесе на лице место, врз основа на факти, а не врз основа на претпоставки.

„Сега можеме да го смениме начинот на поставувањето на дијагнозата т.е може да кажеме дали постои заболување на артериите или не. Според тоа, наместо да му кажам на пациентот дека кај него постои релативен ризик, сега можам веднаш да му кажам дали е болен и колку е болен“, вели д-р. Лепор.

Со повеќеслојниот скенер можно е да се дијагностиира пациентот кој се жали на болки во градите во ординацијата, без да мора да биде испратен во болница за повеќечасовни анализи. Вака, процедурата трае само неколку минути. Спред зборовите на д-р. Лепор, постојат и други потенцијални примени на оваа нова технологија.

„Количината на информациите кои можеме да ги добиеме со оваа метода се зголемува како повеќе се запознаваме со методата и како стегнуваме повеќе искуство. На пример, сега можеме да ги снимиме не само срцевите артерии, туку и внатрешноста на самото срце“, истакнал д-р. Лепор.