• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Хомеопатски лекови - стимулираат враќање на рамнотежата во организмот Печати

Хомеопатското лечење се спроведува со примена на хомеопатски лековити препарати. Хомеопатските лековити препарати се од билно, животинско или минерално потекло. Денес во хомеопатијата се костат преку 5 000 лековити препарати.

Во хомеопатијата е важно разредувњето и потенцирањето. Разблажувањата од 1 до 10 се означени со римските броеви X (1X = 1/10, 3X = 1/1,000, 6X = 1/1,000,000). Слично, разблажувањата од 1 до 100 означени се со римските броеви C (1C = 1/100, 3C = 1/1,000,000, и така понатаму).

Разблажување од 30X значи дека е оригиналната супстанција разблажена 1,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000 пати.

Потенцирање: со удирање на растворот 10 до 100 пати од елстично-цврста подлога помеѓу секое разблажување се добива појачано, потенцирано делување на лекот.

Хомеопатскиот лек е многу разредена, но потенцирана супстанција земена од природата. Секој хомеопатски лек поседува сопствена, многу јасна слика за она што може да го лечи.

Хомеопатските лекови делуваат така што ја стимулираат снагата на лицето (принцип на витална сила). Оваа стимулација ќе и помогне на целокупната личност на пациентот да се исчисти од сите последици на неравнотежата во организмот, кои довеле до здравствени проблеми. Целта е да лицето се доведе до ниво на задоволително (оптимално) здравје.

Без оглед на тоа колку симптоми има пациентот, во еден момен се зема само еден лек кој ќе биде за лечење на сите присутни симптоми.

Дејство на организмот

Хомеопатскиот лек го стимулира враќањето на развнотежата во организмот. Ова вратена равнотежа во организмот му помага на лицето да ја победи болеста и да стане пофлексибилно во прилагодувањето на околината.

Најчести форми на хомеопатскиот лек се гранулите (зрнца) и таблетите. Но, хомеопатските лекови може да бидат и во форма на сирупи, капки, прав, супозитории, масти, инекции и друго. Ако се работи за вообичаени дози, се советува тие да се земаат пола час пред или после јадење. За разлика од конвенционалните лекови, дозирањето на хомеопатските лекови не е тесно поврзано со телесната тежина.

Како се употребуваат хомеопатските лекови

Кај акутните симптоми, подобрувањето би требало да се јави веќе по земање на неколку дози. Кај хроничните заболувања терапијата е подолготрајна со повремени паузи, во зависност од природата на тегобите. ж

Хомеопатските лекови може да се земаат во било кој временски период и траење, без да постои опасност од појава на штетни пропратни несакани појави. Според досегашните сознанија, нема познати случаи на инеракција со другите лекови.

Хомеопатските лекови, поради својата голема разреденост, се потполно сигурни и не предизвикуваат никакви штетни пропратни ефекти. Предност им е тоа што можат да се пробаат без опасност од компликација. Ако изберете погрешен хомеопатски лек, тој едноставно нема да делува.

 

Најчитани текстови