• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како се поставува дијагнозата на мултиплиот миелом? Печати

Мултиплиот миелом (познат уште и како плазмоцитом) е прогресивна малигна хематолошка болест (болест на крвта). Тоа е малигна болест на плазма клетките. Плазма клетките се важен дел од имунолошкиот состем. Тие ствараат имуноглобулини (антитела) и помагаат во борбата на организмот против инфекциите и болестите.

Мултиплиот миелом се карактеризира со изразито зголемен број на абнормални плазма клетки во коскената срцевина (миеломски клетки) и со зголемено создавање на протеини, т.н. моноклонални имуноглобулини (IgG, IgA, IgD, или IgE) или Bence-Jones-ови протеини (слободни моноклонални κ и λ лесни ланци).

Дијагнозата на мултиплиот миелом се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи, лабораториски испитувања, рендгенографски испитувања, инвазивни дијагностички процедури (за цитолошка и хистолошка дијагноза), радиоизотопски и ехотомографски испитувања.

Кога постои сомевање за мултипли миеломот, потребно е да се направат бројни испитувања.

Постојат првични и дополнителни дијагностички процедури.

Еден дел од испитувањата служат за да се утврди самата дијагноза на болеста. Останатите испитувања се изведуваат со цел да се оцени проширеноста на болеста, односно нејзиниот стадиум, евентуално да се процени прогнозата на болеста, која би влијаела и на изборот на третманот, и конечно за да се утврди постоењето на компликациите на болеста, кои треба еднакво совесно да се лекуваат како и самиот тумор.

Испитувања кои се спроведуваат кај пациенти кај кои постои сомневање за мултипли миелом:

Првични дијагностички процедури

Анамнеза и физикален преглед

При анамнезата, особено се обрнува внимание на присутните симптоми и знаци на болеста. По земањето на детална анамнеза, искусниот лекар може да се посомнева за постоење на миелом и да назначи и други, дополнителни испитувања, со цел да се постави точна и рана дијагноза.

По анамнезата следи внимателен физикален преглед по системи.

Лабораториски испитувања

  • Во рутински испитувања спаѓаат: крвна слика и седиментација. Се прави обавезно и размаз на периферната крв.
  • Покрај рутинските испитувања, потребно е да се испитаат и хепаталните ензими, алкалната и киселата фосфатаза, уреата, креатиннот и електролитите. Со биохемиски испитувања, вклучувајќи ги и уреата, креатининот и калциумот, се оценува функцијата на бубрезите и можните компликации на другите органи.
  • Електрофореза на серумот, имунофикасација. Овие тестови се клучни за поставувањето на дијагнозата на мултиплиот миелом, бидејќи тие го откриваат абнормалниот протеин кој го лачат малигните плазма клетки.
  • Нефелометриска квантификација на имуноглобулините.
  • Анализа на урината, 24 часовна урина за електрофореза и имнофиксација. Одредување на М компонентата во урината и одредување на албуминуријата (нивото на албумини во урината).
  • Биопсија на коскената срцевина со цитолошка и хистолошка анализа на добиентиот материјал од биопсијата, имунофенотипизација, а по можност се одредува и иднексот на обележувањето на плазма клетките. Ова се, исто така, клучни анализи за поставување на дијагнозата, бидејќи тие го откриваат зголемениот број на ненормални плазма клетки во коскената срцевина и нивните својства.

Дополнителни дијагностички процедури

  • Рендгеграфијата на целиот скелет и магнетната резонанца (МРИ) на скелетот се корисни, но не и обавезни испитувања.
  • Позитронската емисиона томографија (FDG/PET) на целото тело е, исто така, корисна, но не и обавезна дијагностичка процедура, но може да користи за потврда на дијагнозата на MGUS или за да се исклучи инфекцијата или некоја друга неоплазма.
  • Испитувањето на бета2-микроглобулин, на C-реактивниот протеин и на LDH се за проценка на дијагнозата.
  • Мерењето на слободните моноклонални лесни ланци во серумот е опција која се применува доколку конвенционалната квантификација на М компонентата е негативна или сомнителна.