• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дознајте зошто витаминот Е се нарекува „витамин на убавината“

Витаминот Е се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа.

Витаминот Е делува на следниов начин:

  • ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали,
  • ја штити кожата од негативните надворешни влијанија,
  • го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце,
  • го спречува настанувањето на темни флеки на кожата,
  • го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период.

Студиите на Америчкото дерматолошко друштво објавиле дека дози на витамин Е од 400 IU дневно, го намалуваат ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, па истовремено се намалува и продукцијата на карциногени клетки.

Сепак, треба да се нагласи дека внесувањето на големи дози на витамин Е може да биде штетно, па затоа не треба да се земаат поголеми дози од препишаните.

Покрај оралната примена на витаминот Е, тој може да се применува и со директно нанесување на кожата, било како чист витамин Е или преку лосиони за сончање. Во случај кога се користи директно нанесување на витаминот Е на кожата, треба да се земе во предвид и времето кое е потребно да витаминот навлезе во подлабокиот слој на кожата. Со други зборови, витаминот Е е потребно да се нанесе на кожата 10-20 минути пред изожување на сонце.

Според некои студии, земање на витамин Е заедно со витамин Ц, може да даде подобри резултати, отколку ако се зема секој витамин посебно.

Во една рандомизирана, плацебо контролирана студија, група од 40 здрави возрасни доброволци добивала суплементи на витаминот Е (во форма на алфа-токоферол), суплементи на витаминот Ц (во форма на аскорбинска киселина), и комбинација на витамин Е и Ц, и плацебо.

По 50 дена примање на овие суплементи, истражувачите приметиле дека нивото на витамините Е и Ц во кожата биле покачени кај доброволците кои примале и одделно витамини и нивна комбинација. Но, кога биле изложени на УВ зрачење, било приметено дека оштетувањета од сонцето биле помалку изразени кај оние лица кои истовремено примале и витамин Е и Ц. Комбинацијата на витаминот Е и Ц се покажала како поефикасна во заштитата и ги спречила реакциите со кои настануваат изгоретините. Оваа, но и други студии, сугерираат дека витаминот Е и Ц синергистички делуваат, благодарение на способноста на витаминот Ц да го регенерира витаминот Е.

 

Прочитајте и: