• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Следење по третман PDF Печати
Понеделник, 16 Јуни 2008 07:02

Завршувањето со терапијата не значи и прекинување на грижата кон болниот. Карциномот на бубрегот бара доживотно следење (follow-up). За жал тој може да се јави и многу години по неговото успешно излекување. Регистрирани се случаи на повторување на болеста (рекуренца) и по 10 до 15 години. Затоа, пациентите кои биле успешно излекувани од карциномот на бубрегот, мора да прават редовни контроли во текот на целиот свој живот. Успешното следење на болните се остварува само со соработка од страна на пациентот. За таа цел, тој треба да биде доволно здравствено едуциран и запознаен со неговата болест, со нејзиниот тек и со можноста за повторување на болеста и по нејзиното комплетно излекување. Рецидивите може успешно да се лекуваат доколку се откријат на време.

Постојат две различни локализации на рекуренцата:

  • локална рекуренца, во пределот на местото на извадениот бубрег (бубрежна ложа),
  • метастазична рекуренца, кога туморот се проширил во други оддалечени органи и ткива во телото.

Затоа, за рано откривање на рекуренцата потребно е редовно следење на пациентите на секои три месеци во првата година, со правење на сите потребни дијагностички процедури, кои би покажале дали постои присуство на локален рецидив или појава на метастатска болест.

Во редовни рутински контролни испитувања спаѓаат: анамнеза и физикален преглед, лабораториски испитувања на крвта и мочта, цитолошки преглед на мочта, ехотомографски преглед на абдоменот, како и рендгенграфија на белите дробови.

КТ на абдомен се прави во првата година на 6 месеци, а потоа на година дена, доколку нема никакви сомневања за можен рецидив на болеста.

Доколку нема знаци за рецидив, понатамошното следење може да биде на шест месеци.