• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Колку вода му треба на нашиот организам?

Сигурно го знаете правилото кое вели дека треба да внесувате најмалку 8 чаши вода дневно. Ова правило скоро сите го знаат, но не и сите го применуваат.

American Journal of Clinical Nutrition дава совети за правилен и соодветен внес на течности во организмот.

Совети за возрасните:

  • Внесувајте 12 чаши (1чаша=100 гр.) течности во текот на денот (вода или цеден сок)
  • Бидејќи возрасен човек треба да внесува 2200 калории дневно, на пијалокот не треба да отпаѓа повеќе од 200-300 калории.

Но, потребите за вода варираат односно зависат од повеќе фактори: од здравјето, физичката активноста и околината на живеење.

Водата е составен дел на телото и претставува 60% од вкупната телесна тежина. Секој систем и процес во телото зависи од водата. Таа е вклучена во отстранувањето на отровите од виталните органи, во доведот на хранливите материи во клетките и ја одржува неопходната влажност во ушите, носот и грлото.

Водата секојдневно се губи со дишење, потење, мочање и со варењето на храната. Бидејќи човечкиот организам неможе самиот да создава вода, мора да ја надомести со конзумирање на течности и со храна која содржи вода (супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).

На просечен возрасен човек му се потребни од 2,2 до 3 литри течност на ден. Препораките на експертите за исхрана се дека мажите треба да внесуваат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно.

 

Прочитајте и: