• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Конгрес на AUA - Спуштена старосната граница за ПСА тестот Печати

На последниот конгрес на Американската уролошка асоцијација (AUA), одржан во Чикаго при крајот на април 2009 година, установени се новите стандарди за раното откривање на ракот на простата.

Спуштена е старосната граница од 50 на 40 години, кога би требало да се започне со анализа на простатичниот специфичен антиген (ПСА) во крвта. Ова посебно се однесува на здравата машка популација која доволно е информирана за значењето на раното откривање на ракот на простатата.

Prof. Dr.Peter Carroll, шефот на урологија на Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско, смета дека не постојат лица кои не се изложени на ризик за настанување на рак на простата. ПСА тестот е многу поверодостоен кај младите мажи.

Лицето кое сака да биде прегледано за рано откривање на ракот на простата, се прегледува со анален преглед (дигитален ректален преглед) и со испитување на ПСА во крвта. Прегледот на ПСА во крвта секогаш мора да му претходи на дигиталниот преглед на простатата.

Доколку нивото на ПСА во крвта е повисоко од она што одговара на просекот за лицата од 40 години, тоа е еден од показателите дека лицето боледува од рак на простата. Друг важен параметар е брзината на растот на вредностите на ПСА во единица време. Лицето, кај кое вредноста на ПСА пораснува за повеќе од 0.4 ng/ml (nanogram/mililitar) во рок од година дена, има повеќе од 50% шанси да развие агресивен рак на простата, кои може да се прошири и надвор од самата простата, така да веќе не е локализиран.

Сè ова што е наведено може да доведе до тоа да се претера со дијагнозата на ракот на простата, а со самото тоа и со терапијата. Тоа што треба да се запамти е дека првиот преглед на простатата и првиот тест на ПСА е таканаречен основен тест, кој подоцна ќе се споредува со тестовите кои ќе се изведуваат во наредните години. Тоа значи дека со следењето на пациентот во еден подолг временски период, ќе можеме да ги споредувме неговите резултатите цело време во однос со неговите години на живот, со неговата општа здравствена состојба, со фамилијарната историја на ракот на простатата, со висината на ПСА вредностите, со дигиталниот преглед на простатата. Така, врз основа на сето ова, ќе се одлучи дали треба да се спроведе терапија или е кај пациентот.

Не треба да се заборави дека ракот на простата воглавно е споро растечки тумор и дека имаме доволно време да на време реагираме доколку е тоа потребно.

Конгресот на Американската уролошка асоцијација е најголем светски собир на уролози кој се одржува секоја година и на кој учествуваат околу 15.000 уролози од цел свет.