• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Хемотерапија PDF Печати
Недела, 15 Јуни 2008 18:32
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршко лекување на туморите на бубрегот
Радиотерапија
Таргет (целна) терапија
Имунотерапија
Хемотерапија
Сите страници

Хемотерапија кај тумори на бубрег

Исклучителната резистентност на карциномот на бубрегот на денес расположивите хемотераписки лекови продолжува да перзистира како проблем во лекувањето на овие тумори. Испитувани се многу хемотерапеутици, но Vinblastyn се смета за најделотвоен. За жал, и со него се постигнуваат 20% објективни ремисии, а миелосупресијата и неуротоксичноста се основни несакани ефекти од неговата примена.

Вршени се повеќе рандомизирани студии со комбинација на повеќе цитостатици, но ниту тие не се покажале како поделотворни од примената само на Vinblastyn.

Докажано е дека одреден позитивен тераписки ефект се постигнува со користење на M-VAC протоколот. Levi и соработниците во своите клинички студии објавиле постигнување на објективен одговор од 36%.

Поради слабиот успех на хемотерапијата во лекувањето на карциномот на бубрегот, адјувантната хемотерапија не е индицирана по реализираната радикална нефректомија.

Со оглед на тоа дека не постои ефикасна стандардна хемотерапија, оправдано е пациентите со метастатски тумор на бубрег да се вклучат во клинички студии.

Од сето ова што беше наведено до сега, со сигурност може да се каже дека напреднатиот аденокарцином на бубрегот претставува тежок проблем во онкологијата, па поради тоа потребен е индивидуален пристап во лекувањето на овие болни. Планирањето на терапијата е индивидуално за секој пациент одделно.

Туморите на бубрегот немаат еднаков тек на болеста кај сите болни.

Кај некои карциномот се развива брзо и брзо дава дистантни метастази во оддалечените органи и ткива, доведува до интоксикација и предизвикува брза смрт.

Кај други болни, болеста има бавен тек, и долго време по реализираната радикална нефректомија не постојат никакви симптоми и знаци на болеста. Кај нив болеста бавно метастазира после многу години од иницијалниот оперативен третман.