• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Таргет (целна) терапија PDF Печати
Недела, 15 Јуни 2008 18:32
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршко лекување на туморите на бубрегот
Радиотерапија
Таргет (целна) терапија
Имунотерапија
Хемотерапија
Сите страници

Таргет (целна) терапија кај тумори на бубрег

Како што истражувачите открија повеќе за генетските промени во клетките коишто го предизвикуваат ракот, така тоа им овозможи да развијат нови лекови кои делуваат конкретно на некој од овие промени. Овие строго целни лекови делуваат на подруг начин од стандардните хемотераписки лекови и тие имаат различни пропратни несакани ефекти.

Во изминативе неколку години неколку вакви специјализирани лекови беа одобрени од страна на FDA (Американска агенција за храна и лекови) за употреба при лекувањето на напреднатиот рак на бубрегот. Целните терапии вклучуваат лекови кои го запираат создавањето на нови крвни садови кои го хранат ракот и лекови кои го запираат растењето на канцерските келии. Тие често се користат како прва линија на третман кај локално напреднатиот и метастазиран рак на бубрегот. Додека тие може да го намалат или забават растот на ракот, сеуште не е јасно дали било кој од овие лекови може да го излечат ракот на бубрег.

Поимот ангиогенеза означува создавање на нови крвни садови. Името произлегува од двата грчки збора: angio, во превод „крвни садови“ и genesis што значи „почеток, создавање“. Ангиогенезата е нормален процес во организмот на човекот. Како што човечкото тело расте и се развива, тоа има потреба да создава и нови крвни садови за да може крвта да пристигне до секоја клетка во организмот. Како возрасни, нашиот организам нема така голема потреба за создавање на нови крвни садови, но постои време кога ангиогенезата е сеуште важен процес.

Новите крвни садови, на пример, му помагаат на телото да ги залечи раните и ги репарира оштетувањата на ткивата во организмот.

Но, кај пациенти со карцином, истиот процес создава нови, многу мали крвни садови кои го снабдуваат туморот со свој сопствен крвен систем преку кој крвта го храни туморот и на тој начин му овозможуваатна туморот побрзо да расте и се шири.

Антиангиогенезата е форма на целна терапија која користи лекови или други супстанции кои го спречуваат туморот да создава нови крвни садови. Со спечувањето на стварањето на нови крвни садови на туморот, како и со уништувањето на веќе постоечките, се намалува снабденоста на туморот со крв, тој престанува да расте и полека почнува да се намалува.

Постојат бројни клинички студии, кои го испитуваат ефектот на таргет (целните) агенси кај напреднат и метастатски рак на бубрегот.

Денес се достапни 6 целни (таргет) агенси за третман на напреднат и метастатски карцином на бубрегот. Тоа се: Sorafenib, Bevacizumab, Sunitinib, Everolimus,Temsirolimus и Pazopanib. Клиничките студии на овие 6 целни агенси покажале дека тие сигнификантно го продожуваат времето до прогресија на болеста, во споредба со она кое е постигнато со имунотерапијата (интерферон) или со плацебо.

TARGET студијата ја покажала ефикасноста на Sorafenib како втора линија на терапија, кај пациенти кои не дале успех, или кои не биле погодни за имунотерапија. Оваа студија опфатила вкупно 903 претходно лекувани пациенти, со стадиум IV на болеста. Овај лек генерално добро се поднесува, а несаканите ефекти можат ефикасно да се контролираат.

Клиничка студија, која го покажала позитивниот ефект на Bevacizumab даден во комбинација со интерферон, е AVOREN студијата. Таа опфатила вкупно 649 пациенти со локално напреднат и метастатски тумор на бубрегот.

Рандомизирана, двојно-слепа, плацебо-контролирана, глобална, мултицентрична, фаза III студија, ги евалуира ефикасноста и безбедноста на PAZOPANIB во споредба со плацебо, кај пациенти со локално напреднат и/или метастатски рак на бубрег (РБ). Пациентите вклучени во студијата претходно не примале терапија или имале прогресија на болеста по претходна системска терапија базирана на цитокини. Пациентите биле централно рандомизирани и примале 800mg PAZOPANIB еднаш на ден или плацебо.[5]

Резултатите добиени од студијата покажуваат дека PAZOPANIB е сигнификантно поефикасен од плацебо во третман на пациенти со локално напреднат и/или метастатски РБ.

Целните (таргет) агенси претставуваат нов стандард во третманот на напреднатиот и метастатски карцином на бубрегот.

Ова е нов вид на терапија кој дава надеж во лекувањето на напреднатиот карцином на бубрегот. Во тек се бројни клинички студии кои ја испитуваат ефикасноста на целната терапија не само кај карциномот на бубрегот, туку и кај другите видови на малигни заболувања.