• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Третмански опции - Хируршко лекување на туморите на бубрегот PDF Печати
Недела, 15 Јуни 2008 18:32
Индекс на артикл
Третмански опции
Хируршко лекување на туморите на бубрегот
Радиотерапија
Таргет (целна) терапија
Имунотерапија
Хемотерапија
Сите страници

Хируршко лекување на туморите на бубрегот

Радикалната нефректомија е стандардна терапија кај неметастатскиот тумор на бубегот и опфаќа отстранување на целиот зафатен бубрег, надбубежната жлезда, перинефритичното масно ткиво во Герота-фасцијата и дисекција на регионалните лимфни јазли.

Индикација за радикална нефректомија се следните:

  • Секој тумор на бубрегот мора да биде опериран, без разлика на стадиумот и градусот.
  • Секој бубрежен тумор е технички операбилен.
  • Единствена контраиндикација за операција е лошата општа состојба на болниот, односно најчеста контраиндикација е акутната срцева болест.

Бидејќи нема докази за ефикасноста на адјувантната (постоперативна) терапија, се смета дека отстранувањето на регионалните лимфни јазли (кои може да имаат присутни микроскопски метастази) е единствена куративна (излечива) опција за пациентите со висок ризик за повторување на болеста (локален рецидив-рекуренца) или за метастазирање.

Помалку агресивните оперативни третмани од класичната радикална нефректомија можат да бидат разгледувани во поедини случаи, обично кај пациенти кај кои нема ризик од зафаќање на надбубрежната жлезда.

Не е докажана улогата на адјувантната терапија по реализираната радикална нефректомија. Радиотерапијата по радикалната нефректомија не дава бенефит, дури ни кај пациенти со зафатеност на лимфните јазли или кај пациенти со инкомплетна туморска ресекција. Затоа по радикалната нефректомија не се спроведува дополнителен третман, туку пациентот се остава на следење (follow up).

Во последниве години при карцином на бубрегот се применува емболизација на бубрежната артерија. Таа се користи за контрола на крварењето како предоперативна и палијативна емболизација на туморот.

При предоперативната емболизација се воведува емболус во бубрежната артерија и се сопира притисокот на крвта. На таков начин се овозможува полесно отстранување на бубрегот. Овој зафат служи за спречување на дисеминацијата (расејувањето) на туморот. Кај болни со обилна хематурија (крв во мочката), кај иноперабилен тумор и кај болни со далечни метастази се прави палијативна емболизација која, во комбинација со други тераписки пристапи, го намалува туморот, го девитализира, ја намалува хематуријата и болките, а кај извесен процент болни може да настане и спонтана регресија на метастазите. Кај болни со обилна хематурија, која го загрозува животот на пациентот, емболизацијата е единствено средство за сопирање на крварењето.