• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Најчести примарни тумори на мозокот во детската возраст Печати

Мозочните тумори претставуваа околу 4% од сите тумори кои се јавуваат во човечкиот организам, а овој процент, според некои автори е значително поголем и се движи во границите од 9-10%.

Примарни тумори на ЦНС

Статистички, туморите на мозокот се јавуваат годишно во просек 1 на 10.000 жители.

Во општата смртност на населението, туморите на мозокот како примарна причина за смрт учествуваат со 1,5 %.

Туморите на мозокот може да се јават во секоја возраст. Најчесто се јавуваат на во активната возраст меѓу 20-55 година од животот. Повеќе од 65% од сите видови тумори на мозокот се појавуваат во оваа возраст.

13 % од туморите на мозокот се сретнуваат кај деца до 13 години, а само 1,5 % кај стари лица над 65 години.

Примарни тумори кои почесто се јавуват кај децата

Епендимом

Овој тумор најчесто се јавува во периодот на детството. Претставува 1,5 % од сите мозочни тумор. Растат во близина на IV мозочна комора Јасно е ограничен од околното ткиво на мозокот.

Медулобластом

Медулобластомот е втор по зачестота на јавување и се јавува најчесто на на возраст меѓу 6 и 10 години. Медулобластом е малиген тумор.

Хистолошки покажуваат униформана градба, која се состои од долговидни клтеки со тркалезна форма. Растат брзо и даваат метастази, најчесто во спиналниот субарахноидален простор.

Хемангиобластом

Хемангиобластом учествува со вкупно 1,5% од сите тумори. Иако е редок тумор, тој се среќава во детската и раната адолесцентна возраст. За вистински хемангиобластом се смета оној кој е сместен во хемисферите на малиот мозок, изолирано или во склоп на болеста на Hippel- Landan.

Хистолошки овие тумори може да бидат капиларовидни или синусовидни. Релативно се бенигни тумори и после оперативно отстранување не рецидивираат.

Краниофарингеом

Настанува од ембрионалните остатоци на Раткеовиот џеб (Ductus craniopharunaqicus ) и претставува 2 ,5 % од сите ендокранијални тумори. Се манифестира во детската и адолесцентната возраст, најчесто од 13 до 23 години. Патолошко-анатомски, краниофарингеомите се прикажуваат како јасно ограничен, цистични или солидни тумори.