• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
МР-мамографија (МРМ) Печати

МР-мамографија (МРМ) ја користи техниката на магнетна резонанца. При тоа пациентката лежи на специјално конструиран кревет во положба на стомак. Се работат 30 до 50 пресеци пред и по давање на парамагнетско контрасно средство (Gd-DTPA).

Се работи за извонредно прецизна метода, чија дијагностична точност е околу 98% за инвазивните малигноми со големина повеќе од 4 мм. Ова е особено ефикасна техника во диференцијална дијагноза на рецидивите, лузните на дојката, мултифокалните и билатералните промени, за проценка на преоперативните резултати при неоадјувантна примена на хемотерапија или зрачење, кај негативен наод на мамографијата и позитивна пункција на лимфните јазли во пазувата, како и кај дојки со имплантати, каде не е можно да се изведе нативна мамографија.

МРМ не е скрининг метода поради нејасната специфичност, и високата честота на позитивни резултати кај бенигните промени на дојката (фиброаденом, пролиферативна мастопатија, аденоза и воспаление на дојката).