• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Екстрактот од семките од грозјето богат со антиоксиданси Печати

Екстрактот од семките од грозјето е еден од најмоќните природни антиоксиданси. Тој содржи во вода растворливи биофлавоноиди – проантоцијанидини, вклучувајќи ниско молекуларни состојки - катехини и високо молекуларни состојки- олигомерни процианидини. Студиите покажале дека антиоксидативната активност на овие специфични биофлавоноиди е најмалку 10 пати појака спореденa со антиоксидансите: витаминот Ц или витаминот Е.

Антиоксидансите играат важна улога во одржувањето на доброто здравје. Тие поседуваат антиинфламаторна активност, го забавуваат стареењето, делуваат превентивно при срцеви заболувања.

Антиоксидантната активност на проантицианидините вклучува „ловење“ на хидроксилните и пероксилните радикали и инхибиција на оксидацијата на ЛДЛ холестеролот. Инхибирачкиот потенцијал е сврзан со липидната пероксидација која се зголемува со степенот на полимеризација на молекулите. Проантицианидините од семките на црвеното грозје покажаа значителна инхибиција на пероксидацијата на полинесатурираните масни киселини и некои други липиди во испитувањата вршени врз животни и „ин витро“ студиите.

Овие експерименти укажуваат дека овие ефекти можат да помогнат во превенцијата на заболувањата на капиларите, на срцето, на мозокот и на ткивото на црниот дроб.

Испитувањата врз луѓето покажаа:
  • зачувување на витаминот Е,
  • спречување на оштетувањето на капиларите,
  • подобрување на видот,
  • значајна улога во одржувањето на нормалната телесната тежината.