• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
ЕР и ПР статус и хормонска терапија кај рак на дојка Печати

Хормонот естроген може да го забрза растот на малигните клетки кај некои видови на рак на дојка. Во тој случај се применува хормонска терапија. Хормонска терапија подразбира примена на лекови или хируршки зафат со кои се оневозможува стимулирачкото делување на естрогенот на малигните клетки.

Хормонската терапија се применува кај хормонско-зависниот рак на дојка. Таа е ефикасна само во случај на рак на дојка кој е:

  • ЕР-позитивен (позитивен на рецепторите на естроген).
  • ПР-позитивен (позитивен на рецепторите на прогестерон).
  • ЕР позитивен и ПР позитивен.
  • Хормонската терапија е ефикасна за жените во секоја возраст.

Постојат 4 вида на хормонска терапија:

  • СЕРМ-лекови (tamoksifen).
  • Инхибитори на ароматаза (АИ).
  • ЕРД-лекови (faslodex).
  • Отстранување или супресија на функцијата на јајчниците.