• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зошто ракот на панкреас е застрашувачки? Печати

Неколку неповолни факти го карактеризираат карциномот на панкреасот, заболување кое некои автори го означуваат како застрашувачко.

Пред сé, инциденцата на панкреасните неоплазми е во постојан пораст, а причините за тоа сé уште не се познати.

Објавени нови случаи и смртни случаи од карцином на панкреас во САД, за 2008 година се:

  • Нови случаи на карцином на панкреас: 37,680
  • Смртни случаи: 34,290

Понатаму, болеста многу ретко се открива во ран стадиум, кога и излекувањето е можно, а дури и палијативните третмански постапки ретко го постигнуваат саканиот ефект.

И покрај техничкиот развој и усовршувањето на методите кои овозможуваат откривање на присуство на малигноми, разочарувачки мал напредок е постигнат во откривањето и разбирањето на биологијата на овој малигном.

Околу 95% од сите карциноми на панкреасот започнуваат од егзокрините клетки, со нивно абнормално и неконтролирано растење и делење.

Карциномот на панкреасот е на четврто место, според едни, односно на петто место, според други автори, како причинител за смрт од малигно заболување.

Се јавува почесто кај мажите отколку кај жените и тој однос е 2:1.

Почесто се јавува кај лица со понапредната возраст и ризикот од развој на ова малигно заболување се зголемува со возраста.

Така статистиките покажуваат дека во групата од 40 до 44 години инциденцата изнесува 2/100 000, за да во старосната група над 85 години достигне вредност од 96.1/100 000.

Средна возраст на појава на карциномот на панкреасот е 69 години.