• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Генитални брадавици - симптоми и лекување! Печати

Ова се мали брадавици, предизвикани од вируси. Јасно можат да се видат со голо око на отворот на вагината, или на пенисот кај мажите. Се пренесуваат многу брзо преку полов однос или допир.

Симптоми

Се појавуваат од 3 недели до 8 месеци по сексуалниот однос, може и подоцна. Се појавуваат мали испакнувања, слични на брадавиците на прстите, но помали. Може да исчезнат сами од себе, но многу лесно се пренесуваат на други. Имаат боја на кожа, па така се тешки за воочување, и се безболни, сè додека не почнат да растат.

Вирусот е наречен Human papiloma virus (HPV). Папаниколау-брис (ПАП), претставува стандарден скрининг тест за грлото на матката и им се препорачува на сите жени, бидејќи ХПВ вирусот предизвикува промени на грлото на матката кои се поврзуваат со појава на канцер на грлото на матката во подоцнежниот период од животот.

Лекување

Ласерско или оперативно отстранување на промените. По третманот е можна нивна повторна појава.

Ако не се лекувате:

  • промените ќе се рашират многу брзо,
  • може да се пренесат на вашиот партнер,
  • мајката може да го пренесе вирусот на своето дете при породувањето.