• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Да го замениме белиот шеќер со мед

Луѓето со прекумерна телесна тежина имат зголемен ризик за развој на хронични болести од кои се умира (инфаркт на срце, мозочен удар, рак).

Кога ви се јаде нешто благо, земете лажичка мед. Медот ќе ви го заштити здравјето и ќе ви ја намали гладта која во моментот ви се јавила. Медот треба да се зема така што неколку минути се држи во устата, за да се растопи со соковите од плунчните жлезди, а потоа да се проголта. Друг начин е да се растопи во шоља топол чај или млеко, но дури откога тие ќе се оладат до температура на пиење.

Преработката на јагленохидратите се одвива воглавно во црниот дроб, од каде разградените шеќери преку крвта одат во мускулите. Ако во исхраната се користи бел шеќер – сахароза, значителен дел од сахарозата не се разградува до прости шеќери, туку останува неискористена и како таква директно влијае на зголемувањето на мастите во организмот.

Вишокот на масти во организмот доведува до различни оштетувања на органите и до појава на многу болести. Со други зборови, со користење на бел шеќер може да дојде до оштетување на панкреасот, до појава на шеќерна болест, до појава на кариес кај децата, до развој на кардиоваскуларни заболувања, до пораст на триглицеридите во крвта, до зголемување на крвниот притисок и слично.

За разлика од белиот шеќер, медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам.

Освен висококвалитени јагленохидрати, медот содржи и преку стотина други различни, но за човековиот организам, важни материи, меѓу кои треба да се истакнат бројните ферменти, кои ги има во толкава мерка да медот завзема едно од првите места меѓу прехрамбените производи.

Медот содржи многу олиго и микроелементи и органски киселини.

 

Прочитајте и: