• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зошто се важни Омега-3 масните киселини?

Внесувањето на омега-3 масните киселни во организмот, според лекарите, е добра заштита од развојот на срцеви заболувања. Тие препорачуваат конзумирање на 4 оброци богати со омега-3 масни киселини неделно.

Според епидемиолозите, рибиното масло, односно масните киселини кои тоа го содржи, треба да го конзумираат здравите луѓе, како превенција од различни срцеви заболувања, додека нивниот ефект кај хроничните срцеви болни сеуште не е утврден.

Научниците се обидоа да откријат какво влијание има користењето на омега-3 масните киселини врз здравствената состојба кај хроничните срцеви болни и дојдоа до заклучок дека нивното конзумирање не ја подобрува состојбата кај нив.

Во студијата спроведена од страна на медицинското списание „British Medical Journal“, на 89 пациенти со срцеви и мозочни удари, како и на пациенти со различни облици на рак, покажала дека не постојат сигурни докази дека масните киселини од рибиното масло позитивно влијаат врз здравствената состојба на пациентите.

Некои научници сметаат дека земањето на големи количини на омега-3 од страна на пациенти кои имаат ангина пекторис, може само да доведе до влошување на болеста и ненадејно откажување на срцевиот мускул.

Но, Омега 3 киселините можат да го подобрат расположението на луѓето, покажале резултатите од едно истражување, презентирани на состанокот на Американското психосоматско здружение, одржан во Денвер.

Истражувачите во Питсбург утврдиле дека испитаниците со намалено ниво на омега 3 незаситените масни киселини во крвта имаат полошо расположение за разлика од испитаниците со високо ниво на омега 3 масните киселини во крвта.

Претходно направените студии ја проучувале поврзаноста на ниското ниво на омега 3 масните киселини и големите клинички значајни состојби, како што е депресивното нарушување, биполарното нарушување, шизофренијата, злоупотребата на дрогата и нарушеното внимание.

Според научниците, состојките како омега-3 масните киселини, јод, железо кои се содржат во лососот, некои видови на туна, бакаларот или сомот се важни за развојот на мозокот кај децата и особено помагаат кај лица со нарушена концентрација, а исто така ги намалуваат и ефектите на дислексијата и аутизмот. Конзумирањето на риба и школки им помага на луѓето да доживеат подлабока старост, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, рак, Алхајмерова болест, мозочен удар, дијабет или артрит.

Истражувањата кои ќе бидат направени во иднина треба да одговорат на прашањата дали консумирањето храна како што е лососот, кој е богат со омега 3 масните киселини, ќе има влијание на расположението или за тоа ќе биде доволно да се земаат додатоци во исхраната базирани на рибино масло. Исто така, истражувањата во иднина ќе мораат да одговорат на прашањето какво е влијанието на омега-3 масните киселини кај хроничните срцеви болни.

 

Прочитајте и: