• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Уште еден водич на исхрана за здрав и квалитетен живот Печати

Британската Нутристичка Фондација овие денови ја објави листата на прехрамбени намирници кои помагаат во заштита на нашиот организам, а нејзините автори веруваат дека лицата кои строго ќе се придржуваат на овие совети, во иднина ќе си обезбедат квалитетен живот без болести. Дали Британците само ги повторуваат веќе општо познатите факти или нудат и некои револуционерни решенија, проценете сами.

Група нутриционисти од неколку угледни универзитети, како што се Oxford и Surrey, внимателно во тек на повеќе од 3 години, составувале водич за здрав живот во кој објавиле многу корисни совети за тоа како со адекватна исхрана да се заштити мозокот, срцето, коските, очите и како да се избегнат сериозните и опасни болести како што е дијабетот и ракот.

Потребни ни се итни мерки со цел да си осигураме подобро физичко и психичко здравје во подоцнешната фаза на нашиот живот, како би можеле да се радуваме на пензијата и староста, а не да стравуваме при самата помисла на она што не чека, изјавила за „Daily Telegraph“ генералната директорка на „British Nutrition Foundation“, Judy Buttriss.

Меѓу прехрамбените намирници, кои британските нутриционисти ги препорачуваат за здраво срце, секако се вбројува храната богата со здрави масти, растворливи влакна и калиум, како што е: растителното масло, компирот, коренестиот зеленчук. рибата, јатчестите плодови, зобот и млекото.

Ако не сакате да имате проблеми со срцето и мозокот водете сметка да редовно консумирате риба, јајца, лиснат зеленчук, јатчесто овошје, како би му ги осигурале на организмот потребните количини на витамин Б12 и фолна киселина. Исто така, се препорачува и алкохол, но во умерени количини.

Во новиот водич, за здравје на коските неопходен е витаминот К. Овој витамин го има во зелениот лиснат зеленчук, во брокулата и во шпарглата. Од друга страна пак, рибата, јајцата, маргаринот и житариците се одлични за вашите коски, бидејќи содржат витамин Д.

За добра крвна слика клучно е железото, па стручњаците советуваат да на вашата листа на јадења, покрај се она горе наведено, што почесто имате грав и сушено овошје.

За здравјето на очите е потребен лутеин, кој го има во кивито, грозјето, спанаќот и кељот.

За здравјето на забите е поребен флуорид кој може да се наде во водата, чајот и во секоја риба.

На листата на прехрамбени намирници за здравје на сите телесни системи се нашле: доматот, пиперките, купусот, агрумите, дињата, жолтото и портокаловото овошје и зеленчук.

„Правилната исхрана и умерената физичка активност можеби нема да ви го продолжат животот, но може да ви го подобрат квалитетот на живот во иднина. Никогаш не е доцна да се направат одредени промени во сопствениот живот и секако охрабрете ги и вашите деца и внуци да на време размислуваат за тоа“, препорачува професорката Buttriss.