• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Која храна може да го намали ризикот за рак на грклан? Печати

Овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и минерали кои се природни одбрамбени состојки против многу болести. Се препорачува да се јадат 5 порции од овошје и зеленчук дневно. Една оптимална порција тежи околу 80 грама.

Со тоа се смета дека се намалува и ризикот од срцеви заболувања, шеќерна болест, повеќе видови на карциноми и други заболувања. Научниците, сеуште не ги идентификувале сите хранливи состојки, кои делуваат на заштитата на организмот против болестите. Затоа се препорачува да потребните витамини и минерали се внесуваат со свежото овошје и зеленчук, а не преку синтетски препарати, разни додатоци или екстракти од храна, кои може да се купат во аптеките. Овие синтетски произведени извори на витамини и минерали не се така ефикасни, бидејќи не ги содржат сите корисни хранливи материи.

Главниот предмет на истражување на dr.Heber e третирањето на гојазноста и исхраната во превенцијата и третманот на карциномот. Тој е директор на Центарот за човекова исхрана (Center for Human Nutrition) на UCLA (Калифорниски Универзитет во Лос Ангелес). На UCLA го води Одделот за клинички испитувања, кој е финансиран од Националниот Институт за Карцином , како и од субвенциите за исхрана и гојазност на Националниот Здравствен Институт. Напишал повеќе од 70 научни трудови, 2 професионални трудови, како и 4 книги.

Една од неговите книги е и книгата „Која е боја вашата храна?“. Тој во својата книга ги поделил овошјето и зеленчукот во седум категории врз основа на бојата. Dr.David Heber препорачува примена на принципот „седум бои на здравјето“ и тоа така што во дневната исхрана ќе се внесе храна со различни бои, вклучувајќи ги следниве групи:

„Виножито од бои“

Црвена: патлиџан и производи од патлиџан (сок, супи, сосови и кечап). Оваа храна содржи супстанции за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од појава на неколку видови на карциноми, вклучувајќи го и карциномот на простатата.

Црвена и розева: грозје, сок од грозје, црвено вино, сушени сливи, јагоди и капинки. Оваа храна содржи силни антиоксиданси кои имаат делотворен ефект на здравјето на срцето, бидејќи го спречуваат настанувањето на згрутчувања во крвните садови. Исто така, како јаки антиоксиданси го штитат организмот од некои канцерогени материи.

Портокалова: морков и кајсија. Тие содржат бета-каротин кој ја подобрува комуникацијата помеѓу клетките со што помага да тие подобро се борат против ширењето на ракот.

Порокалово-жолта: портокал, сок од портокал, мандарина, грејпфрут, лимон, папаја, ананас и праска. Ова овошје е богато со витамин Ц, силен антиоксиданс кој ги штити клетките.

Жолто-зелена: жолта пченка, грашок и авокадо. Оваа храна содржу лутеин кој е силен антиоксиданс, кој ја штити мрежницата на окото од зрачење и го намалува ризикот од пореметувања на видот. Сé поголем број на испитувања покажуваат дека лутеинот, благодарение на своите антиоксидациски својства, е од големо значење за очувување на здравјето на очите, на кожата, срцето, грлото на матката, како и во јакнењето на имунолошкиот систем. Варениот зеленчук е најдобар извор на лутеин. Во свежиот зеленчук, лутеинот е заробен во клеточните структури, додека со варењето се овозможува негова апсорпија и се зголемува биорасположивоста.

Зелена: зелка, келј и карфиол. Овој зеленчук содржи супстанции кои го намалуваат стварањето на штетни излачевини во црниот дроб.

Бело-зелено: лук и кромид. Овој зеленчук ја штити ДНК.

Другото бело-зелено овошје и зеленчук, вклучувајќи ги: артичок, крушка, шпаргла, целер и печурки, богато е со флавоноиди, антиоксиданси кои ги штитат клеточните мембрани.

Препораки за здрава исхрана:

  • јадете компири, ориз и тестенини,
  • јадете најмалку 5 порции со овошје и зеленчук дневно,
  • внесувајте белковини со консумирање на риба и пилешко месо,
  • избегнувајте масно црвено месо, свинско и телешко,
  • помалку внесувајте шеќер во исхраната,
    (Здравата исхрана го ограничува внесот на шеќери до 70 грама или 17 мали кафени лажички, но тука се вбројува и внесот на „скриениот“ шеќер кој го внесуваме со соковите и зготвената храна.)
  • помалку внесувајте сол во исхраната, до 1 кафена лажичка. Секако треба да се обрне внимание и на „скриената“ сол која ја внесуваме со зготвената храна,
  • пијте 6-8 чаши вода дневно,
  • не консумирајте засладени и газирани сокови.