• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Научете како да бидете здрави – одржувајте го инсулинот на ниско ниво во организмот

Еден од најважните елементи за здрав, долг и младешки изглед е постојаното одржување на инсулинот на ниско ниво во организмот. Тоа се постигнува со базна (алкална) исхрана, свеж зеленчук и со редовна физичка активност.

Се зголемува бројот на хроничните заболувања кои однесуваат милиони животи. Според научниците, причина за тоа е консумирањето на храна богата со рафинирани јагленохидрати. Белиот шеќер и белото брашно се најштетни, но покрај нив постојан и многу други производи кои редовно се користат во исхраната.

Пред систематската преработка на житариците т.е. нивното рафинирање, човекот и неговите предци се хранеле воглавно со месо и плодови од природата. Тие не внесувале, ниту ги познавале концентрираните јагленохидрати, кои денес обилно ги внесуваме во телото преку разни видови на леб, компир, ориз, слатки...

Човечкиот организам немал потреба да се низ еволуцијата привикнува на таков вид на храна, а 10 000 години претставуваат краток период за да организмот се измени и привикне на подобра преработка на концентрираните јагленохидрати.

Повеќето луѓе се хранат токму со таква храна затоа што е најефтина и најбрзо дава енергија и чувство на ситост.

Здравата исхрана е најважна

Луѓето, за жал, не се свесни дека со таквата храна секојдневно предизвикуваат хормонски пореметувања во телото и дека така полека, но сигурно се убиваат. Таквата храна нема веднаш да доведе до трагични последици по здравјето, нема ниту за неколку години, но сите кои се хранат на овој начин веќе во триесетите години се наоѓаат меѓу заболените од некоја полесна или потешка хронична болест, најчесто кардиоваскуларна или малигна.

Телото е жилаво и постојано се брани од разорното делување и претерано зголеменото ниво на инсулинот во крвта. Малку по малку доаѓа до низа пореметувања. Степенот на оштетувањето зависи и од количината и видот на рафинираните јагленохидрати кои се внесуваат и од самата генетска структура која му дозволува на телото да полесно или потешко излезе на крај со тие проблеми.

Инсулинот лошо делува на срцето

Научниците одамна откриле дека лабораториските глувци кои цел живот биле држани на минимална исхрана живеат значително подолго од оние кои биле редовно хранети. Живееле подолго, не поради малиот внес на храна, туку поради тоа што нивното ниво на инсулин во организмот стално бил одржуван на ниска граница. Инсулинот лошо делува на срцето, а неговото зголемено ниво доведува до насобирање на масти во крвта, што доведува до запушување на срцевите крвни садови т.е. до развој на атеросклероза.

Зголеменото ниво на инсулинот доведува до раст на мазните мускули во sидот на крвните садови, па на тој начин и протокот на крвта низ нив е отежнат. На ист начин се загрозени и фините нерви во мозокот и окото, што доведува до зголемен ризик од мозочен удар и слепило (поради масовни крварења во мрежницата на окото – дијабетична ретинопатија).

Важно е да се напомене дека заситените масни од животинско потекло не се ни од далеку така опасни како што се рафинираните јагленохидрати.

 

Прочитајте и: