• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Состојката „сулфарофан“ во брокулата – јак природен антиканцероген

Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои доведуваат до стареење и појава на разни болести, вклучувајќи ги и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот.

Консумирањето на 70 грама брокули дневно во тек на два месеци може да заштити од гастрит и рак на желудник, открила една студија спроведена во Јапан.

Свежите брокули содржат „сулфарофан“, природен лек за кој се смета дека го активира ензимот во телото кој се бори против слободните радикали, против хемиските агеси кои ја оштетуваат ДНК на клетката и против воспалението.

Уште одамна е познато дека сулфарофанот е природен антибиотик против бактеријата која го предизвикува гастритот и ракот на желудникот – Heliobacter Pylori. Но, ова е прв пат да се види нејзиниот ефект на луѓето.

SGS (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива.

Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите редовното внесување брокули во организмот го сметаат за превенција на ракот на дојката.

Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали

 

Прочитајте и: