• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зелена за црниот дроб, црвена за срцето

Бојата на храната одговара на бојата на органите во телото, веруваат Кинезите. Затоа, при одредени здравствени проблеми, тие ги бираат намирниците кои лечат одреден дел на телото.

Храната, според кинеското верување, се дели на: црвена, зелена, жолта, бела и црна. Секоја од нив му одговара на еден орган во телото.Така, зелената храна ја подобрува функцијата на црниот дроб, црвената ја подобрува функцијата на срцето, жолтата на слезенката, белата на белите дробови, а црната на бубрегот.

Црвената храна (домат, вишна, цреша, јагода...) ја подобрува функцијата на бубрезите и на простатата. Се смета дека црвената храна го спречува настанувањето на ракот на простата.

Жолатата храна (пченка, тиква, манго...) го јакне кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.

Белата храна, во која спаѓаат лукот, бананата и праската, делува антивоспалително и ја сметаат за природен антибиотик.

Црна храна се сите продукти кои имаат темна боја - сливи, капини, грозје, црна соја која ги разградува маснотиите, црн сусам, црни печурки кои го јакнат имунитетот, оцет балсамико, црни рибизли кои се одличен антиоксиданс.

Нутриционистите препорачуваат да на нашата трпеза се најдат сите бои на овошјето и зеленчукот. Разновидното и разнобојно овошје и зеленчук ни ги обезбедува сите потребни витамини и минерали и го чува нашето здрајве.

Затоа, совет на нутриционистите е: Јадете овошје и зеленчук во сите бои.

 

Прочитајте и: