• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Парацетамол во Германија - само на рецепт Печати

Парацетамолот во Германија  се издава само на рецепт.

Лековите против болка се употребуваат повеќе од илјада пати. Тие успешно ги намалуваат болките, но исто така, можат да доведат до крварење во цревата, до оштетување на црниот дроб и бубрезите, до астма, а понекогаш можат да доведат и до смрт. Точниот борј на жртви не е познат, бидејќи ваквите лекови, во многу земји, можат да се купат без рецепт.

Од 1-ви април 2009 година парацетамолот во Германија се издава само на рецепт. Во аптека може да се купи само во многу мали дози, бидејќи парацетамолот е токсичен при постојана употреба, а при употреба во преголеми дози може да доведе и до оштетување на црниот дроб или да ја загрози функцијата на бубрезите.

Според извештајот на германскиот сојузен институт за лекови и медицински производи, најчесто против болка се купува и користи парацетамол. За жал, тој е на врвот на листата на 10-те медикаменти, кои можат да предизвикаат фатални последици.

Самоубиства со помош на парацетамол

„Парацетамолот често се користи при обиди за самоубиство или поради погрешна употреба предизвикува различни оштетувања“, вели Ulrih Hageman од Сојузниот инситут за лекови и медицински производи. Секоја година во централата која ги регистрира случаите на труење со лекови се забежуваат 4000 случаи на предозирани од парацетамол. Од овој број, 10% отпаѓа на самоубиствата (400 случаи).

Поради тоа, во Велика Британија уште пред неколку години се намалени дозите на парацетамолот во пакувањата кои можат да се добијат на рецепт.

За повторното воведување на рецепти за парацетамолот бил пресуден фактот дека парацетамолот е опасен и во релативно мали количини. Пакувањата на парацетамолот од 20 таблети од по 500 милиграми, се наоѓаат на гранница која, ако се премине, предизвикува оштетување на црниот дроб.

Опасен и кантарионот во таблети

Забрана за слободна продажба е воведена и за таблетите од билката кантарион.

„Ова е паметна мерка“, вели еден од стручњаците. За забраната постојат повеќе причини: прво, лекот кој во Германија се вика johanniskraut се користи против лесна депресија, а препаратите против депресија би требало да се употребуваат само тогаш кога веќе е поставена точна дијагноза, а во тој случаи и терапијата треба да биде стручно надгледувана.

Кантарионот ако се зема паралелно може, покрај другото, да го намали и дејството на циклосфоринот, средство за спречување на отфрлањето на пресадениот орган.

Освен тоа ни дејството на анти-беби пилулите не е сигурно во комбинација со таблетите од кантарион.

Промената да дејството на одредени лекови е уште еден доказ за тоа дека и употребата на медикаментите на билна основа не е без ризик, заклучува Ulrih Hageman.