• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Лаванда - природна билка против несоница и стрес Печати

Лаванда (Lavandulae aetheroleum) - Дали сте знаеле дека само 5 минути вдишување на етерично масло од лаванда, може да го намали за 24 % кортизолот, хормонот кој предизвикува стрес. Ова е одлична вест бидејќи кортикозолот предизвикува зголемување на крвниот притисок и намалување на имунитетот.

Вдишувањето на мирисот на лаванда го потикнува исфрлањето на слободните радикали од организмот, кои штетно влијаат на здравјето на човекот и може да предизвикаат многу сериозни заболувања, како што е и ракот. Преку дишните патишта овие супстанции навлегуваат во организмот.

Истражувањата на германските и француските лекари покажаке дека лавандата помага полесно да се заспие. Тие ја препорачуваат оваа билка при нервоза, вознемиреност, депресија. Смирувачкото дејство на нервниот систем се должи на етеричните масла, кои се олободуваат во топлата вода, така што кожата може да ги впие. Покрај тоа, и самата топла вода делува смирувачки и ја подобрува циркулацијата во телото.

Купка со цветови од лаванда

Во 2 литри вода ставете 100 грама цветови од лаванда. Оставете ги да одстојат 5 минути и турете ја водата во веќе наполнетата када со топла вода. Најдобро е да ја направите купката еден час пред да си легнете.

И вреќичките од лаванда можат да помогнат. Наполнете ја малата перница со 100 грама цветови од лаванда и оставете ја во ноќното шкавче. Дејсвото ќе биде уште подобро ако претходно ги попрксате цветовите со 5 капки ароматично масло од лаванда.

 

Најчитани текстови