• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Терапијата со ароматични масла може да им помогне на заболените од рак Печати

Хемотерапијата и радиотерапијата се стандардни третмани за ракот. Но, од неодмана, пациентите во Центарот за борба против рак „Anderson“, во Хјустон, Тексас, можат да се лечат и на друг начин.

Болниците обично мирисаат на средства за стерилизација и на антисептици. Но, во одделите за подобро здравје на Центарот за рак „Anderson“, се чувствува мирис на расцутена градина – мирис на свеќиња, цитуриси и лековити билки, кој ги привлекува пациентите да влезат во предавалната во која болничарката Sheri Perez, доброволно ги учи пациентите за предностите на ароматерапијата.

Персоналот од Центарот ”Anderson“ е горд што во нивниот ценар се применуваат современите начини за лекување на сите видови на рак, но користењето на билните екстракти и масти е древна терапија. Sheri Perez укажува дека ароматерапијата, односно користењето на ароматичните масла од одредени билки, се користи со илјадници години, но дека денес со нив им се помага и на пациентите со рак за да подобро ги прифатат високо - технолошките и понекогаш болни методи на лекување на ракот. Таа вели дека некои билки помагаат во намалувањето на мачнината, заморот, губитокот на апетитот, пореметениот сон, кои често со придружни несакани последици од цитосттската и зрачната терапија.

Sheri Perez им дава на пациентите – доброволци да помирисаат екстракти од лаванда, розмарин, нане, ловор и од други билки. Таа вели дека секој мирис надразнува дел од мозокот во кој се складирани старите и потиснати сеќавања, поради кои и различно реагираме.

Пациентите треба да го информираат лекарот ако користат ароматерапија, бидејќи некои масла можат да допрат до крвотокот и да влијаат на дејството на лековите против ракот, вели Sheri Perez, и додава дека некои видови на ароматични билки не би требало да се користат пред завршувањето на терапијата за рак.

Пред 5 години, во Центарот „Anderson“ започнале истражувања за алтернативните терапии како што се: акупунктурата, масажата и музиката. Sheri Perez вели дека лекарите се повеќе љубопитни отколку одбивни према алтернативните пристапи. Тие, пред се, би сакале да дознаат дали алтернативните методи им помагаат на пациентите да подобро реагираат на болката и стресот во текот на лекувањето на ракот.