• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Здравиот човек има многу желби, болниот само една Печати

Вложувањето во здравјето не би требало да биде тешко, но, и покрај сите совети, многу од нас не шетаат доволно, не водат сметка за исхраната, постојано се намуртени, малку се смеат и негативно размислуваат.

За здрав живот не треба многу организација, време и пари.

Еве колку малку треба да сторите за да го направите своето здравје поквалитетно.

Обидете се секој ден на различни начини да го активирате вашето тело. На пример, ако во вашата зграда постои лифт, кој вие редовно го користите, почнете да се качувате или симнувате пешки. Ако имате куче, шетајте го подолго. Ако имате деца почнете да си играте со нив. Сето ова нема само да ви ги „размрда“ мускулите, туку ќе ви пружи и вам и на вашите блиски огромно задоволство. Не се оптеретувајте со размислувањето дека само вежбање во теретани е физичка активност. Секогаш кога ќе го придвижите своето тело сте направиле нешто добро за своето здравје.

Научите да ја избегнувате нездравата храна

Почнете да ја избегнувате пржената храна, брзата храна („fast food“) или масното месо, пред се свинското месо, сланината, саламите и кобасиците. Заменете ги со млечни производи како што се млекото, јогуртот, сирењето. Мајонезот, маргаринот и путерот не се штетни ако ги јадете во умерени количини, а потребни се за да ги задоволите потребите на вашиот организам за масти.

Борете се против своите нездрави животни навики

Бројни се предизвиците на кои некои луѓе тешко им одолуваат. Да се потопи тагата во чаша алкохол или да се лечи стресот со постојано запалена цигара, не е ниту здраво, ниту пак помага. Без многу филозофирање, едноставно ќе кажеме: Престанете да пушите, се знаете за штетноста на цигарите. Почнете да се лечите ако сте зависник од нешто што е штетно за вашиот организам. Ова е 21 век, време на модерната медицина и ништо не е невозможно.

Обидете се да секој ден, барем половина час, работите нешто што навистина го сакате. Дозволете си топла, мирислива купка, прошетајте низ паркот, прочитајте добра книга или слушајте го своето омилено ЦД. Размислете дали работите кои ве нервираат сега ќе бидат важни и после една година.

Можеби ќе ви звучи смешно дури и неверојатно, но последните медицински истражувања покажуваат дека постои директна врска меѓу долговечноста и чистењето на забите со забен конец. Никој не знае зошто е тоа точно, но научниците ја доведуваат во врска употребата на конецот за чистење на забите со општата здравствена култура и информираност.

Чекорете со насмевка во животот

И на крај, ве уверуваме дека постои врска помеѓу квалитетот на живеењето и здравјето со погледите во животот. Луѓето кои со насмевка чекорат низ животот, исто така, имаат многу причини за загриженост. Ниту ним не им иде се лесно во животот, и тие се понекогаш тажни и несреќни, но насмевката е бесплатна, а лековита. И смејте се секогаш кога можете, размисливајте позитивно, поттикнувајте ги позитивните мисли во себе и тогаш кога ви се чини дека сите бродови потонале. Не заборавајте дека секој проблем има решение, а да патот до решението на проблемот може да биде полесен со повеќе оптимизам.

 

Прочитајте и: