• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Значењето на минералите и нивна поделба

Меѓу состојките на храната, минералите завземаат посебно место. Тие се важни елементи на сите клетки, неоходни за стварањето на крвта и коските, како и за одржување на здравјето на нервниот и ендокриниот систем.

Минералите мораме да ги внесуваме со храната, водата или со додатоци во исхраната.

Секој минерал има своја функција и значење.

Минералите, според тоа колку му се потребни на организмот и во која количина се наоѓаат во него, се поделени на:

  • Макроелементи: Тоа се оние минерали кои му требаат на организмот во количина поголема од 100 mg, а тоа се; калицум, магнезиум, калиум, фосфор, натриум, хлор, и сулфур.
  • Микроелементи: Тоа се минерали кои му требаат на организмот во помали количини, а тоа се. цинк, манган, железо, флуор, бакар и јод.
  • Елементи во трагови: селен, бор, хром, силициум, молибден и кобалт.

Што се елементи во траги?

Класична дефиниција на минералите кои влегуваат во составот на нашиот организмам би била: Тоа се материи кои се наоѓаат во организмот во многу мали количини, некои скоро во траги (по тоа и до добиле својот назив – „елементи во траги“), но се неопходни за нормалното функционирање на човечкиот матаболизам.

Некогаш се мислело дека само 4 елементи (железо, бакар, јод и цинк) се неопходни за нормално функционирање на организмот. Во текот на последниве 30 години, на овој список на потребни елементи, се додадени уште десетина, но најверојатно ни тоа не е конечниот број.

Железото, цинкот, калциумот, калиумот, ванадиумот, хромот, манганот, молибденот, кобалтот, јодот, флуорот, сленот и некои други елементи се носители на животните функции на организмот и учествуваат во бројни важни биохемиски процеси. Доволно е да се каже дека минералите за ензимите (нашите катализатори) се исто што и кислородот за дишењето.

Нивниот недостаток во исхраната се манифестира со низа, навидум безначајни оштетувања, но сепак, на крајот тие се сериозни, па дури и смртоносни оштетувања. Некои научници сметаат дека минералите се поважни од витамините, бидејќи тие во човечкиот организам никако неможат да се создадат.

Цинкот, бакарот и магнезиумот се важни минерали кои не штитат од стрес (посебно магнезиумот), ја одржуваат нежна и еластична нашата кожа и коса (посебно цинкот), и го спречуваат настанувањето на анемијата (посебно бакарот кој му помага на железото при создавањето на црвените крвни зрнца).

Овие три елементи недостасуваат кај жените кои патат од т.н. предменструален синдром, кај лица со слаба коса, нокти и тенка кожа. Недостаток на овие 3 елементи, и на железо може да се јави и при обилни менструални крварења.

 

Прочитајте и: