• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Молибденот спаѓа во групата на елементи во траги во организмот

Според своите концентрации со кои е застапен во човековиот организам, молибденот спаѓа во групата на елементи во траги. Овој есенцијален минерал е потребен во екстремно мали количини за метаболизмот на азотот и му овозможува на организмот правилна употреба на истиот. Практично молибденот учествува во финалната фаза на метаболизмот на азотните соединенија, односно во трансформацијата на пурините во мокрачната киселина. Во метаболните процеси на клеточно ниво учествува и како дел од ензимот - ксантин оксидаза.

Каде се складира молибденот во организмот?

Во телото најчести места каде се складираат резервите на овој минерал во траги се црниот дроб, коските и бубрезите.

Која е функцијата на молибденот?

Овој минерал е детоксикатор на организмот, односно одстранувач на отровите и тешките метали кои се внесуваат преку храната или уште почесто преку дишните органи.

Таложејќи се во клетките, ваквите отрови и тешки метали предизвикуваат потиштеност, болка и лоша работа на црниот дроб.

Молибденот помага при одстранување на алдехидите кои се нус производи кај инфекциите од квасните габички, особено кога се сместени во дебелото црево.

На овој минерал му се припишува корисно дејство во спречување на развој на тумор во дигестивниот систем, како и чување на забите. Кај Вилсоновата болест, каде имаме таложење на бакарот и каде се прати присуство на големи количини од овој метал, молибденот се дава и во тераписки цели и дози со цел да го избалансира ваквиот вишок на бакар и да ја зачува функцијата на црниот дроб.

Особено е потребен кај лицата кои консумираат храна богата со протеини кои содржат сулфур - како на пример јајца, и кај оние кои што конзумираат поголеми количини на алкохол, затоа што алкохолот ги троши резервите на молибден од организмот.

Кога се јавува недостаток на молибден?

Најчесто дефицитот на молибден го забележуваме кај луѓе кои страдаат од малигни заболувања и кај оние кои страдаат од проблеми во усната шуплина и кои имаа заболени непца.

Луѓето кои држат диети базирани на внесување на рафинирана и процесирана храна се изложени на висок ризик од појавата на дефицит на молибден.

Која храна е богата со молибден?

Најмногу го има во гравот, житариците, легуминозите и зеленчукот со темни лисја (спанаќ, цвекло).

Треба да се напомене дека топлината или влагата можат да ја променат структурата на овој елемент и да ја насочат неговата активност во негативна насока. Внесувањето на големи количини (повеќе од 15 мг. дневно) може да предизвика гихт, додека зголемениот внесување на сулфур во организмот може драстично да го намали нивото на молибден.

 

Прочитајте и: