• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Новиот роботизиран радиохируршки систем под името Сајбернајф прецизно ги убива туморите

Дека техниката во светската медицина напредува со гигантски чекори докажува и најновиот роботизиран радиохируршки систем под името Сајбернајф (CuberKnife System). Овој систем пружа можност за ефикасно лекување на честите малигни, но и на некои бенигни тумори, и на пореметувањата во развојот, локализирани во различни делови на телото: главата, белите дробови, црниот дроб, панкреасот, простатата, бубрезите, во било кој дел на рбетот од врвот до дното, како и во поново време во лекување на туморите на хранопроводникот и на дебелото црево, како и на низа други заболувања.

Станува збор за високософистициран радиохируршки терапевтски систем кој се карактеризира со огромна прецизност, која е помала од еден милиметар за локализирање на туморите кои не се придвижуват поради, на пример, дишење на пациентот и помалку од 1.5 милиметар за заболените ткива кои се движат. Ова е посебно важно во однос на вообичаената зрачна терапија која нема никаква суштинска врска со намената на сајбернајфот. Потоа, што за болните до неодамна било скоро незамисливо, нема повеќемесечно лежење во болница, а пациентот не трпи никакви болки.

Овој светски изум веќе го има во многу здравствеи центри во Европа, а за новиот систем со воодушевување зборува и професорот Радослав Јанковиќ. Тој е клиничар и хирург кој неодавна бил во Даблин на првото претставување на достигнувањата на сајбернајфот.

„Овој вид на техника, покрај милион други предности, може да се примени и на деловите на организмот каде хирургијата досега била неизводлива, од повеќе причини“, вели Др. Јанковиќ. Тој истакнал дека постојат многу предности кои ги дава технологијата на сајбернајфот, дека клиничките искуства се многу охрабрувачки и дека претставуваат огромен напредок во однос на претходниот, долго сметан совршен робот - гаманајф.

За тоа како работи оваа нова машина зборува Сандра Вучковиќ, дипломиран физичар, вработена во белградскиот Институт за онкологија и радиологија во Србија.

„Благодарение на комјутерската контрола можно е да се зрачат туморите во било кој дел од телото, со што истовремено се штитат здравите ткива и органи во околината на туморот. Составен дел на машината се системи за: зрачење, за снимање, за пратење на движењето на туморите, кои се повторуваат во интервалите предизвикани од дишењето кај болестите на белите дробови, црниот дроб, панкреасот, како и системи за планирање на терапијата и за позиционирање на пациентот“, вели Сандра Вучковиќ.

За лекувањето со сајбернајф потребен е високообразован и стручен кадар.