• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Цвекло - лековит зеленчук

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...

Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.

Ако сте вегетаријанец, цвеклото е идеално за вашата исхрана, бидејќи содржи кобалт, кој учествува во стварањето на витаминот Б12, кој вегетаријанците не го внесуваат доволно.

Иако цвеклото не е богато со железо, често им се препрачува на анемичните лица, бидејќи ги штити црвените крвни зрнца и ја зголемува еластичноста на крвните садови, со што се подобрува и циркулацијата на крвта во организмот.

Цвеклото е идеално за регулирање на крвниот притисок и го намалува зголемениот холестерол во крвта.

Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува сврзното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум.

Како препорака секогаш цвеклото јадете го во свежа состојба - сирово. Сите оние кои неможат да го комзумираат цвеклото во свежа форма, можат да пијат сок од природно цедено цвекло, во комбинација со разноврсно овошје и зеленчук.

Во случај да имате проблеми со камен во бубрегот или патите од остеопороза, немојте да претерувате со внесот на цвекло, бидејќи тоа ја намалува апсорпцијата на калциумот во организмот.

 

Прочитајте и: