• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Лекот Lapatinib (Tykerb) одобрен од FDA за третман на напреднат рак на дојка

Лекарите во САД велат дека новиот, сеуште експериментален лек, се покажал ефикасен во запирањето на напреднатиот рак на дојката кај жените кои не дале одговор на претходно применетата терапија или станале отпорни на веќе спроведената терапија, како и кај оние пациентки кај кои ракот повторно се јавил, и покрај лекувањето.

Lapatinib или неговото бренд име - Tykerb бил клинички испитуван. Истражувањето на Lapatinib –от, во кое учествувале повеќе од 300 пациентки морало да се прекине по само 37 недели од почетокот на истражувањето, бидејќи јасно било дека туморите кај пациентките кои добивале Tykerb истовремено со хемотерапија, многу подобро реагирале на оваа комбинирана терапија, во споредба со туморите кај пациентките кои примале само хемотерапија, без лекот Lapatinib (Tykerb). Затоа, истражувачите заклучиле дека би требало на сите пациентки да им се овозможи терапија која за нив е најдобра.

Поради покажаната ефикасност на лекот Lapatinib (Tykerb), студијата и била прекината.

Lapatinib (Tykerb) е нов лек кој е значително поефикасен од оние лекови кои моментно се користат во медицинските третмани за борба против напреднатиот рак на дојка. Лекот Tykerb го одобри и американската агенција FDA (Food and Drug Administration).

„Tykerb е лек од новата генерација на лекови, кој специфично ги напаѓа протеините кои ствараат малигни клетки. Овој лек оди уште неколу чекори понапред Може да ги таргетира клетките кои предизвикуваат рак, а може да се прима орално, односно во вид на таблети, што е многу подобро од хемотерапијата, која најчесто се применува во вид на интравенски инфузии. исто така, овој лек и нема некои посериозни несакани ефекти“, рекол Dr. K Geeta, од „Rajiv Gandhi Cancer Institute“.