• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Со помфрит и чипс до рак на јајчник и рак на матка

Жените кои секојдневно консумираат храна приготвена на високи температури како на пример помфрит или чипс имаат двојно поголем ризик за рак на јајчник и матка, тврдат холандските истражувачи.

Научниците од Maastricht University овој зголемен ризик го објаснуваат со делувањето на акриламидите, хемиски соединенија кои настануваат при пржењето и печењето на многу намирници.

Во кличката студија, која траела 11 години, биле вклучени 120 000 испитаници. Зголемен ризик за рак е утвреден кај жените кои дневно внесувале повеќе од 40 микрограми акриламид.

Лабораториските тестирања, уште пред 5 години, укажале на опасноста од акриамидите. Но новото истражување, чии резултати се објавени во научниот часопис „Cancer Epidemiology, Biomarkers and Prevention“, е прво истражување кое ја утврдило врската помеѓу акриламидите во исхраната и зголемениот ризик до рак.

Научниците напоменуваат дека практично не е можно потполно да се елиминираат акриламидните од нашата исхрана, но додаваат дека акриламидите се почесто јавуваат по термичка обработка на храна обоена со вештачки бои.

 

Прочитајте и: