• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Само еден оброк од овошје и зеленчук дневно штити од рак на глава и врат

Дури две третини од сите видови на рак се поврзани со лошите животни навики.

Со новото истражување спроведено во САД се добија нови докази дека со консумирање зеленчук и свежо овошје се намалува ризикот за настанување на рак на глава и врат кај постарите лица. Во истражувањето биле опфатени 500.000 американски пензионери. Новата студија на американските научници ги потврдила поранешните откритија дека консумирањето на зеленчук и овошје би можело да придонесе во намалувањето на опасноста од развој на рак на главата и вратот.

Студијата на научниците од Националниот институт за рак (NCI) опфатила пола милион пензионирани Американци и покажала дека само еден додатен оброк од овошје или зеленчук дневно би можел да ја намали опасноста од рак на глава и врат, пренесува Ројтерс.

Бројни студии покажале дека исхраната игра улога во развојот на малигните заболувања, а научниците веруваат дека дури две третини од сите видови на рак се поврзани со животниот стил како што се: пушењето, исхраната и недоволната физичка активност.

Никотинот и алкохолот го зголемуваат ризикот за развој на тумори на глава и врат, а тука спаѓаат ракот на устата, носот, синусите, гркланот и голтникот. Научниците од Националниот институт за рак (NCI) ги анкетирале мажите и жените на возраст од 50 години и постари. Тие собирале податоци за нивите прехрамбени навики, а потоа ги следеле испитаниците во тек на 5 години и ги бележеле сите дијагнози на рак на глава и врат.

Туморите на глава и врат се шести по ред причинители за смрт од рак во светот.

„Консумирање на овошје и зеленчук, и тоа само една порција дневно, за 6 % го намалува ризикот за развој на рак на глава и врат“, истакнува Neal Freedman од NCI. А консумирање на шест оброци на овошје и зеленчук дневно го смалува ризикот за рак на глава и врат за 29 %, покажала студијата.

Возрасно лице консумира дневно околу 2000 калории.

Друга студија врзана за прехрамбените навики е спроведена на 183 000 жители на Калифорнија и Хаваи. Оваа студија покажала дека исхраната богата со флавоноли може да го намали ризикот и за појава на рак на панкреасот, и тоа посебно кај пушачите. Флавонолите се дел од големата група на полифенолни соединенија (секундарни билни метаболити).

Во последно време сè повеќе се истакнува позитивен ефект на флавонолите врз здравјето на луѓето, бидејќи тие делуваат како антиоксиданси и антиканцерогени.

Флавонолите се присутни во растенијата, а најмногу во јаболкото, во шумското овошје (капини, малини, црни и црвени рибизли, боровници, вишњи, цреши, јагоди, бозел), во кељот, брокулата, црвениот кромид.

Студијата покажала дека луѓето кои внесуваат поголеми количини на флавоноли со храната за 23% го намалуваат ризикот за рак на панкреас во споредба со оние луѓе кои не ги консумираат.

 

Прочитајте и: