• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Riboflavin (витамин Б2)

Б-комплекс витамини

Името Б – комплекс настанало поради тоа што порано се мислело дека се работи само за еден единствен витамин кој го има во оризот, црниот дроб или квасецот.

Во оваа група на витамини спаѓаат:

  • витамиин Б1 (tiamin),
  • витамиин Б2 (riboflavin),
  • никотинска киселина (витамин Б3),
  • пантотенска киселина (витамин Б5),
  • витамин Б6 (piridoksin),
  • фолна киселина,
  • витамин Б12 (cijanokobalamin).

Во составот на Б-комплексот многу научници ги додаваат и биотинот, PABА (пара-аминобензоева киселина), иако тие не се есенцијални, освен биотинот за доенчињата.

Како делуваат витамините од Б групата

Секој од витамините од Б-комлексот има единствена хемиска структура и специфично делување во организмот. Така на пример, витамините Б1, Б2, Б3 и биотинот учествуваат во различни фази на циклусот на производство на енергија, Витаминот Б6 е важен во метаболизмот на аминокиселините, а Б12 и фолната кислеина учествуваат во процесот на делбата на клетките т.е. во развојот на ткивата. Витамините од Б-комлексот, секако, имаат и цел низ на други функции.

Многу луѓе мислат дека витамините од групата Б делуваат синхроно, како „фамилија“, но тоа не е точно.

Бидејќи витамините од Б-комплексот се наоѓаат во наминриницте од житно потекло (житарици), кои секојдневно се консумираат повеќе пати во денот, малку е веројатно да во нормални околности ќе дојде до некој дефицит. Според тоа, „мега“ дозите од овие витамини (освен при посебни индикации) немаат никаков смисол. Покрај тоа, скоро секој мултивитамински препарат содржи и Б-комплекс.

Riboflavin (витамин Б2)

Кога млекото го претурате од еден сад во друг, ви се чини дека има жолт одсјај. Тоа е рибофлавинот. Покрај калциумот и другите вредни сосотојки, млекото е добар извор на рибофлавин. Бидејќи станува збор за многу јака жолта боја (laktoflavin), во прехрамбената индутрија често се користи за боење на напитоците, но и на другите намирници. Дефицитот на витамин Б2 е многу ретка појава, освен во оние делови на светот каде во исхраната се користи рафинираниот, излупен ориз како главна дневна намирница.

Како делува витаминот Б2?

Рибофлавинот е коензим за ензимот на респираторниот систем и е составен дел на флавопротеинот за тој ензим. Има клучна улога во претварањето на аминокиселините и мастите во аденозин-трифосфат (ATP), кој му ја дава потребната енергија на телото. Витаминот Б2 учествува и во активирањето на витаминот Б6 и на фолната киселина. Токму поради тоа, спортистите имаат потреба од поголеми количини на витамин Б2. Кај спортистите витаминот Б2 побрзо се троши, па потребно е постојано да се внесува во организмот. Во некои случаи рибофлавинот делува како антиоксиданс.

Најчесто рибофлавинот се користи за превенција на мигрената, при улцерозен стоматит кај децата, кај катаракта, како и за одржување на физичката кондиција на врвните спортисти.

Каде го има витаминот Б2?

Витаминот Б2 го има во животинските производи, во месото, во млекото и во јајцата. Тие се главни извори на витамин Б2. Затоа е можно веганите (чистите вегетаријанци, кои воопшто не консумираат месо) во некои случаи да имаат дефицит на рибофлавин. Но, рибофлавинот го има и во зелениот листест зеленчук и во целите зрна на житариците.

Дозирање и токсичност

Ако го погледнеме проспектот на мултивитаминските суплементи, ќе видиме дека дозата на витаминот Б2 во нив е многу слична со дозата на тиаминот, затоа што препорачаните количини за нивна дневна употреба (RDA) се многу блиски една на друга т.е. таа изнесува 1,6 mg. Иако веганните дневно со храната консумираат помалку од 1 mg рибофлавин, сепак дефицит по правило не се јавува. Горната сигурносна граница на витаминот Б2 (upper safe level) е 200 mg.

Според тоа, мултивитаминските препарати, кои за дневни потреби содржат 20 - 25 mg витамин Б2 се сосема доволни. Како и Б1, така и витаминот Б2 не е токсичен, дури ни во повеќекратно поголеми дози од потребните.

 

Прочитајте и: