• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Tiamin (витамин Б-1)

Б-комплекс витамини

Името Б – комплекс настанало поради тоа што порано се мислело дека се работи само за еден единствен витамин кој го има во оризот, црниот дроб или квасецот.

Во оваа група на витамини спаѓаат:

  • витамиин Б1 (tiamin),
  • витамиин Б2 (riboflavin),
  • никотинска киселина (витамин Б3),
  • пантотенска киселина (витамин Б5),
  • витамин Б6 (piridoksin),
  • фолна киселина,
  • витамин Б12 (cijanokobalamin).

Во составот на Б-комплексот многу научници ги додаваат и биотинот, PABА (пара-аминобензоева киселина), иако тие не се есенцијални, освен биотинот за доенчињата.

Витамините од Б групата се наоѓаат во житариците, кои секојдневно се консумираат повеќе пати на ден, па ретко доаѓа до нивен недостаток во организмот.

Дури покасно научниците сватиле дека се работи за повеќе витамини, а уште покасно е успеано да се издвојат (изолираат) тие витамини. Како што биле изолирани овие витамини од Б-комплексот, така тие и ги добивале своите броеви (Б1, Б2, Б3 итн.) Биле потребни уште 20 години за да се изолираат од Б-комплексот состојките како што се: PABA, холин и инозитол.

Витамините од Б групата се растворливи во вода (хидросолубилни), па нивната апсорпција се одвива на сосем поинаков начин од апсорпцијата на витамините А, Д, Е и К. Може да се продаваат и поединечно, но почесто се продаваат како комплекс на Б витамини или во склоп на мултивитаминските препарати.

Како делуваат витамините од Б групата

Секој од витамините од Б-комлексот има единствена хемиска структура и специфично делување во организмот. Така на пример, витамините Б1, Б2, Б3 и биотинот учествуваат во различни фази на циклусот на производство на енергија, Витаминот Б6 е важен во метаболизмот на аминокиселините, а Б12 и фолната кислеина учествуваат во процесот на делбата на клетките т.е. во развојот на ткивата. Витамините од Б-комлексот, секако, имаат и цел низ на други функции.

Многу луѓе мислат дека витамините од групата Б делуваат синхроно, како „фамилија“, но тоа не е точно.

Бидејќи витамините од Б-комплексот се наоѓаат во наминриницте од житно потекло (житарици), кои секојдневно се консумираат повеќе пати во денот, малку е веројатно да во нормални околности ќе дојде до некој дефицит. Според тоа, „мега“ дозите од овие витамини (освен при посебни индикации) немаат никаков смисол. Покрај тоа, скоро секој мултивитамински препарат содржи и Б-комплекс.

Tiamin (витамин Б-1)

Каде го има витаминот Б1?

Тиамниот се наоѓа во лушпите на житариците, во внатрешните органи на животните, во квасецот, во овошјето и зеленчукот. Витаминот Б1 го содржат: лебот направен од цели зрна на житарици, пченицата, пченичните р`кулци, црното пченично брашно, темниот ориз, цералиите, сојата, зелката, спанаќот, мешункастиот зеленчук, компирот, лешникот, оревот, портолакот, доматот, пивскиот квасец, свинското месо, црниот дроб, рибата, жочката од јајце.

Зошто е потребен витаминот Б1?

Витаминиот Б1 и е потребен на секоја клетка во организмот за да може таа да го произведе основниот енергент, аденозин-трифосфат (ATP). Тоа значи дека без овој витамин во организмот нема да може да се преработат (разградат) јагленохидратите, мастите и протеините. Витаминот Б1 е неопходен за метаболизмот на јагленохидратите. Мастите и протеините ја намалуваат, а јагленохидратите ја зголемуваат потребата за овој витамин. Витаминот Б1 е неоходен за нормално функционирање на нервните и кардиоваскуларни клетки, обезбедувајќи им ја потребната енергија. Овој витамин има и благо диуретично дејство.

Потребите за витамин Б1 се зголемени при забрзан метаболизам (покачена телесна температура, хипертиреоза, зголемена мускулна активност). Дефицитот на Б1 во организмот може да биде предизвикан од долготраен пролив, од алкохолизам, при бременост и од хипертиреоза (зголемена фунцкија на штитната жлезда).

Витаминот Б1 е неопходен за нормалното фунцкионирање на организмот, посебно за нормална функција на нервните и кардиоваскуларни клетки. При изразен недостаток на витамин Б1 доаѓа до заболување наречено бери-бери.

Бери-бери е невролошко и кардиоваскуларно пореметување, коешто настанува заради недостаток на витамин Б1. Оваа болест денес е доста ретка. Во класичната, развиена клиничка слика на бери-бери се јавуваат: маласалост, забрзана работа на срцето (тахикардија) и болки во предлот на срцето. Потоа се јавуваат отоци на нозете и лицето. На крај доаѓа до развој на симптоми и знаци на срцева слабост. Во некои случаи доминира сликата на полиневропатија. Присутни се и Wernick-ова енцефалопатија i Корсакова психоза. Доколку заболувањето не се препознае на време, и додје до појава на иреверзибилна срцева слабост, може да дојде и до смрт.

Дијагноза на бери-бери

За поставувањето на дијагнозата на оваа болест важни се: анкета за исхраната која открива недостаток на неамирници богати со тиамин (витамин Б!), како и утврдување на зголемените вредности на пирогроздовата и млечната кислеина (ацидоза), за чии зголемени вредности неможе да се најде друга причина.

Лекување на бери-бери

Лекувањето се спроведува со орално (во полесни случаи) или парентерално ( во потешките случаи) давање на 20-50mg тиамин дневно.

Превенција на бери-бери

За да се превенира настанувањето на бери-бери неопходно е внесување на храна богата со тиамин (витамин Б1).

Витамин Б1 е доста распространет во природата. Се наоѓа во скоро секое овошје и зеленчук и во житариците (особено интегралните). Белиот шеќер и белото башно немаат витамин Б1. Исхраната заснована на овошје, зеленчук и житарици ги задоволува потребите на организмот за овој витамин.

Хроничните алкохоличари може да добијат изразени симптоми на дефицит на тиамин, бидејќи тие многу лошо и нередовно се хранат. Тиаминот делува заедно со рибофлавинот и ниацинот.

Витаминот B1 помага да се превентира заморот кај спортистите, кои интензивно тренираат, помага при упорен стоматит, кај неразјаснети воспаленија на мускулите (фибромиалгија) и при други состојби на зголемено напрегање.

Има неколку студии кои го истражувале додавањето на витаминот Б1 во вид на суплементи за да се подобри снагата и издржливоста (ергогено делување). Иако студиите се изведени на мали експериментални животни, тие покажале одредени подобрувања, кои се вредни да се споменат. Бидејќи постои саморегулација на апсорпцијата на витаминот Б1 во организмот (изгледа постои „сензор“ кој кажува „сега е доста“), научниците морале да употребат специјална форма „allitiamin“, која е растворлива во мастите.

Во експериментите кои ги направиле Јапонците во 1972 година, се покажало дека витаминот Б1 во доза од 150 mg ја зголемува снагата на рацете и нозете. Бидејќи во втората фаза на експериментот бил користен 1 gram витамин Б1 дневно, научниците очекувале уште подобри резултати, но експериментот не го покажал тоа. Делувањето на овој витамин на метаболизмот на јагленохидратите и на преносот на нервните импулси е доволен аргумент за верување во неговиот ергоген потенцијал.

Дозирање и токсичност

Научниците пресметале дека при нормална исхрана, која се состои од најмалку 3 оброци дневно, човекот консумира околу 9 mg витамин Б1 дневно, а бидејќи витаминот Б1 го има и во мултивитаминските препарати од 20 до 25 mg, тоа е повеќе од доволно. Неговиот RDA (препорачан дневен внес) изнесува 1,4 mg. За разлика од некои други витамини, на пример од витаминот А, тиаминот не е токсичен, па добро се поднесува и во повеќекратно поголеми дози.

 

Прочитајте и: