• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Биолошка терапија со Lapatinib (Tykerb) за напреднат HER2 позитивен рак на дојка

Lapatinib е нов лек кој во Европа е лансиран во јуни 2008 година, а попознат е под бренд името Tykerb. Lapatinib може да се користи во комбинација со цитостатикот Xeloda, за напреднат HER2 позитивен рак на дојка, во случаите кога другите терапии не дале позитивен одговор.

На површината на секоја ракова клетка на дојката постојат повеќе видови на рецептори. Кога овие рецептори ќе се активираат, тие ја стимулираат малигната клетка да се дели и да расте.

Lapatinib ја блокира активноста на два рецептори - erbB1 (епидермален фактор на раст рецептор 1) и erbB2 (HER2/neu рецептор). На тој начин овој лек може да помогне во стопирањето на растот на малигните клетки на дојката. Уште не се знае точно кога овој вид на терапија ќе биде достапен. Сеуште се вршат истражувања за тоа како треба да се применува lapatinib-от кај раниот рак на дојка. Лекарите, исто така, мислат дека lapatinib-от може да се користи и кај инфламаторниот рак на дојката.