• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Музиката и танцот како терапија против депресија

Епидемијата која владее во западниот свет, а која е најизразена во текот на зимските месеци, е депресијата. Според истражувањата, секој петти жител на државите со висок стандард, не пати ниту од грип, ниту од дебелина, туку од депресија.

Во модерниот свет, кој е опседнат со „брзи решенија“, депресијата уште повеќе се комплицира, со што се успорува и нејзиното излекување, бидејќи за неа не постои „брзо решение“. Потребно е долготрајно да се комбинираат сите расположиви средства и да се делува на целокупната личност на човекот. Во опоравувањето, но и во превенцијата на депресијата, можат да помогнат пријателите, фамилијата, музиката, танцот и физичката вежба.

Британскиот часопис „Mental Health“, меѓу овие наброени методи за намалување и превенција на депресијата, посебно го издвојува танцувањето.

Во часописот се објавени истражувањата во кои е тестирана теоријата како танцот, посебно салсата, може да помогне во лечењето на депесијата. Според тие истражувања, танцот брзо и ефикасно ја намалува психичката напнатост, нерасполежението и го враќа оптимизмот. Затоа, лекарите и научниците го препорачуваат танцот како ефикасна превентивна мерка против депресијата.

 

Најчитани наслови