• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сливите прогласени за „суперхрана“

Сливите се прогласени за „суперхрана“, бидејќи тие се вистинска природна ризница на антиоксиданси.

„Една слива има иста количина на антиоксиданси, како и една шака боровинки, кои досега се сметаа за врв на здравата исхрана“, тврди Dr. David Bryne од AgriLife Research при Универзитетот во Тексас.

Сливите се нови боровинки, кои можат да превенираат многу заболувања. Антиоксидансите го чистат вишокот на слободните радикали во организмот и на тој начин го намалуваат ризикот од појава на карцином.

Организмот се заштитува од штетните влијанија создавајќи молекули наречени слободни радикали. Доколку создавањето на овие слободни радикали излезе од контрола, тие можат да ги оштетат нормалните клетки и ткива. Слободните радикали се создаваат во многу ситуации како што се: консумирање на животински масти и преработена храна (бел шеќер, бело брашно), загадена животна средина, користење на адитиви и бои во храната, медицински третмани (влучувајќи ги и лековите), бактериски инфекции, стрес итн. Супстанциите кои ги штитат клетките на нашиот организам од оксидациското дејство на слободните радикали се нарекуваат антиоксиданси (пример: витамин Е, Витамин Ц, бета-каротин, селен).

Антиоксидансите го чистат вишокот на слободните радикали во организмот и на тој начин го намалуваат ризикот од појава на карцином. Се смета дека некои болести се резултат на неадекватен внес на антиоксиданси со храната. Затоа, денес е зголемен интересот за антиоксидансите, посебно оние од природните извори (овошјето и зеленчукот).

Catherine Collins од лондонската болница St. George ги поздравила резултатите на истражувањата, истакнувајќи дека сливите се една од највкусните и најевтини намирници на пазарот.

„Сливите се и нискокалорична намирница, без масти. Ако секој ден изедете 2 до 3 сливи, ќе направите многу за своето здравје. Сливите не ги лупете, туку јадете ги со кора, бидејќи најмногу антиоксиданси има токму во кората“, вели Dr. Collins.

Dr.Luis Cisneros, кој, исто така, учествувал во ова истражување истакнал дека боровинките добиле сериозна конкуренција. „Луѓето обично јадат само по неколку боровинки или ги јадат измешани со друго овошје, во вид на овошни салати. Сега можат да изедат цела слива и одеднаш да ги добијат потебните антиоксиданци, а ако изедат две или три, тогаш благотворните ефекти се уште поголеми. Имено, тестовите покажаа дека сливите содржат фитонутритивни состојки кои го спречуваат растот на ракот на дојката, без да делуваат штетно на здравите клетки на организмот“, нагласил Dr.Luis Cisneros.

 

Прочитајте и: