• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Најважен оброк во денот

Појадокот е всушност најважниот и најкорисниот оброк во денот, освен ако не се состои од благо бело пециво.

Истражувачите откриле дека луѓето кои јаделе помалку калорична храна за појадок, всушност имале повисок степен на квалитетна исхрана. Овошјето, зеленчукот и храната богата со растителни влакна имаат помалку калории, додека белите пецива се покалорични.

Започнете го денот со квалитетен оброк, како би обезбедиле енергија за цел ден. Вообичаена навика на 58 % од луѓето е да го прескокнуваат појадокот. Тоа е најлоша навика. Појадокот би требало да ни го „разбуди“ метаболизмот и да ни помогне во одржувањето на нормалната телесна тежина.

Појадок на база на јагленохидрати

Кога наутро ќе изедете прости шеќери (зашеќерени рафинирани житни снегулки, бел леб, тост итн.), тие веднаш ќе предизвикаат нагол пораст на нивото на шеќерот во крвта, а организмот, како одговор на тоа, ќе мора да работи повеќе за да го компензира ова додатно оптеретување со шеќер. Прости јагленохидрати се белиот шеќер, млечниот шеќер - лактоза, гроздов и овошен шеќер. Шеќерот, кој нема да се искористи за енергетските потреби на организмот, се претвара и складира како масти во организмот. Последица на тоа е намалување на нивото на шеќерот во крвта и чувство на глад за уште јагленохидрати. Тој циклус се повторува 2-3 пати во текот на денот. Овој затворен круг е еден од причините за настанувањето на повеќе здравствени проблеми и за зголемувањето на телесната тежина. Подобро е да се јадат повеќе сложени јагленохидрати – зеленчук, овошје и житарици – отколку едноставни (прости) јагленохидрати, кои се наоѓаат во шеќерите.

Прескокнување на појадокот

Кога ќе го прескокнете појадокот, шеќерот во крвта паѓа под нормалните граници, а вие чувствувате глад и недостаток на енергија. И повторно имате потреба да земате прости јагленохидрати, со кои брзо ќе ја повратите изгубената енергија. Простите јагленохидрати ќе предизвикаат веднаш нагло зголемување на шеќерот во крвта, а организмот веднаш ќе го компензира дополнителното оптеретување со шеќер, а вишокот на шеќер ќе се претвори во масти.

Урамнотежен појадок на база на протеини

Појадокот на база на протеини не снабдува со сите витални нутритиенти, како и со енергија, без да дојде до непотребно зголемување на шеќерот во крвта. Ни помага да ја избегнеме зависноста од намирници преполни со шеќер во текот на денот. На тој начин апетитот останува под контрола, желбата за јагленохидрати (грицки, чоколада, колачи, безалкохолни напитоци и др.) се намалува, а организмот за добивање на енергија ги користи сопствените резерви на масти.

Важноста на појадокот

Важноста на појадокот треба почесто да се спомнува, едноставно од причина што статистиките покажуваат дека 56% од нашето население воопшто не појадува. Со самото воведување на овој оброк, веќе сме направиле многу за нашето здравје.

Што да се јаде за идеален појадок?

Спомнавме дека појадокот е најважен дневен оброк и дека редовното појадување е корисна навика. По 8 до 10 часа нејадење, организмот наутро е во прв стадиум на гладување. За да го „разбудиме“ метаболизмот и за да му ја обезбедиме на мозокот и на целото тело потребната енергија, првиот дневен оброк не треба многу да се одложува.

Добриот појадок ги вклучува млечните производи, како добар извор на протеини и калциум, интегралните житарици, како извор на сложени јагленохидрати, и овошјето како извор на растителни влакна и на некои витамини и минерали.

Доколку сакате нискокалоричен утрински оброк, одберете ги пченкарните, зобните или пченичните снегулки, кои може да ги јадете потпоени со млеко или јогурт. Доколку имате потреба за висококалоричен утрински оброк, одберете мусли со додаток на ситни парчиња на овошје, јатчести плодови (ореви, бадеми, лешници) и млеко. Добар избор е и интегрално пециво со немасно сирење и зеленчук. Добро е за појадок да се земе и овошје по желба.

 

Прочитајте и: