• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Морски алги – богатство на витамини и минерали

Морските алги ја носат во себе енергијата на морињата и океаните. Тие се сметаат за суперхрана, бидејќи се богати со хранливи состојки. Доволно е мала количина на морски алги, за да се внесе цел спектар на витамини и минерали во организмот, кои се неопходни за доброто здравје.

Морските алги се 10 пати побогати со минерали од „копнениот“ зеленчук и имаат високо ниво на јод, калциум, натриум, магнезиум и железо, минерали неопходни за нормален метаболизам во организмот. Алгите се богати со витамини А, Б, Ц, Д, Е и К. Тие се добар извор и на протеини, а имаат минимален број на калории.

Со редовното консумирање на алгите, дури и во мали количини, се:

  • стабилизира нивото на шеќерот во крвта,
  • прочистуваат цревата,
  • смалува киселоста на крвта,
  • подобрува фунцкионирањето на лимфниот систем,
  • постигнува правилна рамнотежа на хормоните,
  • исфрлаат тешките метали и другите отрови од организмот.

Алгите се корисни и за одржување на здравјето на кожата, мускулите и нервите.

Морските алги имаат и антиканцерогени својства. Тие го спречуваат разможувањето на крвните садови кај брзорастечките тумори и го спречуваат нивното ширење, односно метастазирање во другите органи и ткива во телото.

Алгите се добар извор на фолна киселина, како и богат извор на јод, кој е важен за правилното функционирање на штитната жлезда.

Најчести видови на алги

АГАР алга

Беличестиот желатин, добиен од еден вид на морска алга, се продава во вид на стапчиња, снегулки или прав. Тој треба да се растопи во зовриена вода, при што треба постојано да се меша, за да не дојде до појава на грутчиња. Смесата се вари 5 до 10 минути. Може да се пие топла или да се остави да се излади, при што се претвара во желе. Немојте да пиете повеќе од 2 супени лажици неделно.

АРАМЕ алга

Араме алгите треба да бидат маринирани или сварени со сосови со јак вкус или со зеленчук, за да им се подобри вкусот. Се варат околу 30 до 40 минути. Немојте да јадете повеќе од пола шоља потопени алги неделно.

НОРИ алга

Овој вид на алга изгледа како лист хартија и се користи за завиткување и правење на суши, теста, оризови топчиња, за додаток во супи, во салати, во житарици и во зеленчук. Може да се загреат во тава, во траење од 1 минута. Немојте да јадете повеќе од пола лист или една кафена лажичка дневно.

ДУЛСЕ алга

Оваа алга се наоѓа обично во вид на ленти или во вид прав, а се користи како зачин. Пред да се употреби, треба добро да се измие. Се вари околу 5 до 10 минути. Може да се јаде и сирова, но пред тоа, треба да биде потопена во вода, во траење од 10 минути. Овој вид на алга е одличен за салати, како додаток на супи, варива или јадења со зеленчук. Земајте неделно по две лажици од натопените алги.

ВУКАМЕ алга

Вукаме алгата се наоѓа во вид на ленти. Се потопува во вода околу 3 до 5 минути. Потоа се вари околу 5 до 10 минути. Користите лента во должина од 5 cm дневно. Се користи како гарнир, во мисо супите и во салатите.

КОМБУ алга

Комбу алгата се наоѓа во вид на ленти. Се потопува во вода околу 3 до 5 минути. Се вари околу 40 минути. Се користи како гарнир, како додаток на житариците, или како додаток на разни видови на зеленчук. Варената комбу алга има соленкаст вкус. Немојте да користите повеќе од една лента со должина од 5 cm дневно.

ХИЏИКИ алга

Оваа врста на алга треба да се измие 2 до 3 пати или да се потопи во вода, 10 минути. Се вари околу 45 до 60 минути. Се користи како гарнир со коренест зеленчук, за салати... Јадете по пола шоља потопени хиџики алги неделно.

Контраиндикации

Алгите се богати со хранливи состојки, па затоа е добро да ги јадете редовно, но во мали количини. Прекумерно внесување на алги може да доведе до вишок на јод, па постои ризик од појава на хиперфункција на штитната жлезда.

 

Прочитајте и: