• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Следење по третман Печати

Карциномот на мочниот меур, како и впрочем и кај сите други карциноми кај човекот, бара доживотно следење (follow-up). За жал тој може да се јави и по неговото успешно излекување. Затоа, пациентите кои биле успешно излекувани од карциномот на мочниот меур, мора да прават редовни контроли во текот на целиот свој живот. Успешното следење на болните се остварува само со соработка од страна на пациентот. За таа цел, тој треба да се да биде доволно здравствено едуциран и запознат со неговата болест, со нејзиниот тек, со можноста за повторување на болеста и по нејзиното комплетно излекување, со тоа и за значењето на контролните прегледи во откривањето на раните рецидиви. Рецидивите може успешно да се лекуваат доколку се откријат на време.

Постојат две различни локализации на рекурнцата:

  • Локална рекуренца, во пределот на местото на мочниот меур.
  • Метастатска рекуренца, кога туморот се проширил во другите одалечени органи и ткива во телото.

Следењето на пациентот и неговата болест се состои во редовен преглед кај уролог. Прегледот се сосотои од:

  • Земање на податоци за постоењето на одредени симптоми кај пациентот, како: промени во мочањето, крв во мочката, губиток на телесна тежина, болки во коските и друго.
  • Физикален преглед, цистоскопија со биопсија на евентуално присутна суспектна промена, цитолошки преглед на мочта, лабораториски испитувања на крвта и мочта, КТ на мала карлица или МРИ рендгенграфија на бели дробови и сцинтиграфски преглед на скелет со цел да се брзо открие евентуално присуство на рекуренца.

Соред тоа следењето на пациентите по дефинитивниот радикален третман подразбира редовни контроли за секои 3 месеци, кои се состојат од цистоскопија со биопсија на евентуално присутна суспектна промена, цитолошки преглед на мочта.

КТ на мала карлица или МРИ се прават на секои 6 месеци, како и рендгенграфија на бели дробови и сцинтиграфски преглед на скелет.

Сепак за честотата на контролите одлучува лекарот врз основа на присутниот ризик кај пациентот од појава на рекуренца (рецидив), односно повторување на болеста.