• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сокот од црвениот грејпфрут ја победил својата конкуренција

Истражувачите истакнуваат дека сокот од црвен грејпфрут е одличен извор на витамин Ц. Една чаша сок од грејпфрут ги задоволува дневните потреби за витаминот Ц.

Најмногу хранливи состојки има во сокот од црвениот грејпфрут, покажала студијата на Американскиот институт за храна. Црвениот грејфрут содржи големи количини на калиум, фолна киселина, магнезиум и поедини каротиноиди, кои во организмот се претвараат во витамин А, а помагаат и во превенцијата на ракот.

Во истражувањето, спроведено во американските продавници, црвениот грејфрут ја победил својата конкуренција, во која високо се котирале соковите од портокал, јаболко и ананас.

Но, ензимите кои ги содржи грејпфрутот ја блокираат способноста на организмот да ги разгради некои лекови. Затоа, доколку боледувате од некоја хронична болест, консултирајте се со вашиот лекар дали постои негативна интеракција помеѓу терапијата која ја земате и овој вид на овошје.

 

Прочитајте и: