• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е менопауза? Печати

Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната и под името климактериум, што значи промена на животот. Менопаузата обично настапува помеѓу 44-та и 55-та година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат.

Зошто настапува менопауза?

За време на климактериумот јајчниците почнуваат да создаваат помалку естроген при што не се произведуваат повеќе јајчни клетки и престанува менструацијата.

Климактериумот може да настапи на било која возраст ако јајчниците на жената се извадени, на пример при хистеректомија и билатерална салпинго – оофоректомија (оперативно отстранување на матката и двата јајчници).

Кои се симптомите на менопаузата?

Промените започнуваат со нередовни менструации, се јавуваат топлотни бранови со препотување, а доаѓа и до дегенеративни процеси кои ги погодуваат повеќе или помалку сите органи и системи кај жената. Почести се инфекциите на мочните патишта и слабокрвноста, се намалува густината на коските и тие стануваат крути и кршливи. Менопаузата означува крај на менструацијата и можноста за раѓање.

Повеќето жени или воопшто ќе немаат симптоми, или ќе имаат само благи симптоми што ќе траат само неколку месеци. Но за некои жени, симптомите можат да бидат мачни и да траат неколку години.

Најчести симптоми на менопаузата се:

  • напади на жештина (топлотни бранови),
  • вагинални проблеми и проблеми со мочниот меур,
  • промени во расположението.

Кои се последиците од менопаузата?

Климактериумот прави жените постепено да губат дел од калциумот во нивните коски. Кај многу жени коските стануваат крти и лесно кршливи. Овој проблем е наречен остеопороза.

Неадекватната исхрана, недоволната физичка активност и емоционалниот стрес можат да ги засилат симптомите на менопаузата. Од друга страна, пак, адекватната правилна исхрана им помага на жените да полесно го пребродат климаксот и да го сочуваат здравјето на срцето и коските, пред сè поради метаболните и ендокрините пореметувања, кои се јавуваат во менопаузата.